Овој светец е познат по својата добродетел и по чудата кои ги правел
Денес е свети Трифун, познат и како свети Трипун пијаница. Овој великомаченик, е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Свети Трифун е заштитникот на лозјето и на овошките. Токму затоа на овој ден, лозарите ги посетуваат своите лозја и ги зарежуваат сеуште незапупените гранчиња.
Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна.
„Тој на еден чудесен начин преку своите молитви ја избавува ќерката од болеста односно преку молитвите, Христос и дава здравје и спасение на царевата ќерка која што покасно и таа станува добра христијанка. Царот му дал големо богатство меѓутоа свети Великомаченик Трифун додека се вратил дома го раздал сето тоа злато, сето тоа богатство.“-вели Отец Диме.
Со виното, некако секогаш рака под рака оди и љубовта. Денес е воедно и католичкиот свети Валентин или Денот на вљубените. Овој празник иако си има свој датум и во православието, сепак младата популација го прославува токму на 14ти Февруари. На овој ден вљубените си купуваат подароци, најчесто цвеќе, чоколада или пак убаво вино.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град