ВМРО ДПМНЕ го престави кандидатот и неговата програма за престојните избори.
ВМРО ДПМНЕ синоќа во Вевчани, го престави својот кандидат за градоначалник и неговата програмата за престојните локални избори. На конвенцијата прв пред присутните се обрати вице премиерот по економски прашања во владата на Р Македонија Владимир Пешевски.
„Имам чест да ви се обратам од местото што е синоним за непокорот на Македонија“,го започна својот говор Пешевски и додаде дека Вевчанци најдобро знаат дека човек вреди ако зад себе остави дела. Токму поради тоа додаде вицепремиерот ВМРО ДПМНЕ работи за да оставиме дела кои граѓаните ќе може да ги вреднуваат.Пешевски во обраќањето напомена дел проектите кои владата ги реализирала токму во општина Вевчани.
„Дел од тие проекти се изградбата на тениското игралиште, изградбата на пензионерскиот дом, изградбата на новото училиште Страшо Пинџур, што е инвестиција од околу милион и двеста илјади евра. Во здравствениот дом се направија четири нови кабинети, се донесе ново санитетско возило, реконструиран е паркингот и кровот на здравствениот дом, обезбедени се нови четири специјализации на докторите и избран е изведувач на парното и дограмата во здравствениот дом“, истакна вицепремиерот по економски прашања во владата на Р Македонија, Владимир Пешевски.
На конвенцијата синоќа се обрати и кандидатот за градоначалник, кој беше најавен како човек кој ќе ја менува сликата општината и човек кој знае што треба да се гради, Цветомир Угриноски.
„Собрани во олкав голем број ја потврдуваме нашата победа на овие локални избори. Победа која се темели на јасна и прецизна програма со чија реализација со која ќе го направиме нашиот нов исчекор“, истакна Угриноски. Тој пред присутните напомена дел од проектите за кои како градоначалник ќе се залага да се реализираат.
„Изградба на бензиска пумпа. По моето доаѓање ќе започне изгрдбата на 15 метарскиот крст на манстирот Св Спас. Сите инвестиции поконкретно ќе ги кажиме на други вакви собири. Јавно се обврзувам дека како градоначалник ќе се залагам за искористување на Вевчани“, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Вевчани, Цветомир Угриноски.
Угриноски додаде дека неговата изборна стратегија како и плановите за развој на Вевчани ќе ги реализра етапно заедно со неговиот тим. Потенцираше дека вториот дел од неговата програма ќе се однесува на јакнење на Вевчанскиот дух и гордост, во функција на дополнително осигурување. При тоа не пропушти да го спомене Проектот за Вевчанскиот карневал за кој истакна дека како настан заслужува далеку попрофесионален однос во функција на афирмација на туризмот и хотелиерството. Од останатите проекти ги спомена и проектот за 7 август денот на општина Вевчани, за кој кажа дека ќе се залага за негово дополнителна афирмација. Посебно воодушевување кај присутните предизвика најавата за проектот за фудбалска репрезентација на Вевчани,поточно обновување на фудбалскиот клуб кој бележел одлични успеси во минатото. Угриноски како проекти ги напомена и изградба на противпожарен дом и проект за наталитет на Вевчани, за кој кажа дека како општина од свои средства ќе им помога на семејствата кои имаат три и повеќе деца.
Кандидатот за градоначалник на Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ Цветомир Угриноски е приватенн стопанственик кој доколку победи на локалните избори закажани за 24 март годинава, ќе го наследи неговиот сопартиец, актуелниот градоначалник Перо Илиески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град