Капело се залага за воведување на лекарски прегледи

Селекторот на Англија, Фабио Капело ќе побара лекарите на репрезентацијата да ги прегледаат играчите пред да им одобрат повелекување од натпреварите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kapelo
Капело

Селекторот на Англија, Фабио Капело ќе побара лекарите на репрезентацијата да ги прегледаат играчите пред да им одобрат повелекување од натпреварите.

Националната екипа на Англија има големи пробелми со повредите пред пријателскиот натпревар со Германија во Берлин бидејќи шест играчи, Рио Фердинанд, Вејн Руни, Дејвид Бекам, Мајкл Овен, Емил Хески и Џо Кол, надвор од репрезенатцијата, а после натпреварите за време на викендот се пожалија и клучните играчи од средината на таеренот Стивен Жерард и Френк Лампард, додека Џо Харт ќе биде надвор од теренот цел месец.

KapeloКапело одлучи дека лекар на репрезентацијата ќе ги прегледа сите повредени играчи. Лампард е повикан на преглед, а од Џерард е побарано да дојде од Ливерпул во Лондон на преглед.

Италијанецот потврди дека ниту еден од нив двајца не може да игра и додаде дека таквите прегледи во иднина ќе бидат обавезни.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top