Комунално – Струга, во тајност чува информации

„Бени Маркет“, ДОЕЛ Велешта ќе стопанисува со струшкиот зелен или попознат како ајван пазар. Додека пак со пајак службата, ќе стопанисува „Албафох“ ДОЕЛ Велешта, а рециклирањето на комуналниот отпад ќе го врши „Сити логистик“, ДОЕЛ Скопје. Вака одлучи ЈП „Комунално“, од Струга, кое во тајност ги чува информациите за текот на спроведувањето на постапката за јавно приватно партнерство.

 |  Николоска Биљана  | 
raskrsnica
раскрсница

На последната седница, Советот на општина Струга даде зелено светло за Одлуката за усвојување на извештајот и одобрување на склучување на договор за Јавно приватно партнерство на ЈП „Комунално“, Струга. Договори се склучени со доелите „Бени Маркет“ и Албафох“, и двете од Велешта и „Сити логистик“, од Скопје, како единствени фирми понудувачи. Но од ЈП по се изгледа во тајност ги чуваат информациите за текот на спроведување на самата постапка за јавно приватно партнерство.

komunalno„Раководителот на одделението за набавка и комерција Васко Лазороски, преку кое одделение течела постапката за склучување договори за јавно приватно партнерство во делот на зелениот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, иако првично уредно на нашата покана прифати да ја образложи постапката, во последен момент се откажа од намерата, образложи дека директорот му забранил да дава било какви изјави во врска со ова прашање.“

Од струшката Локална самоуправа, отстапувањето на дејностите по пат на приватно партнерство го оправдуваат со тешкотии во финансиската состојба со која се соочува ЈП, која пак состојба на последната седница ја образложил раководителот на одделението за набавка и комерција, како што појасна секретарот на општината Зоран Гулицоски

„Се работи за претпријатие кое што не можи во целост да ги задоволи потребите во однос на финансискиот дел на претпријатието нема соодветни средства за набавка и купување на возило пајак за вршење на таа дејност и нема овластување за селектирање на отпад односно нема соодветна лиценца и нема соодветен стручен кадар во тој дел. Тие биле причините што го натерало Управниот одбор, односно органите на раководење и управување на ова јавно претпријатие да превземат соодветни дејствија и да донесат соодветни одлуки односно да спроведат постапка согласно законот за концесии и ЈПП и на крајот резултирало со одредени договори кои беа во извештајот и на основа тоа Советот на општина Струга одлучи да даде согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП“.

ajvanpazarВо недостаток на информации и нетранспарентност од ЈП во врска со тоа дали била спроведена соодветна постапка во согласност со законските прописи ниту Гулицоски не можеше со сигурност да потврди дали е испочитуван Законот за концесија и јавно приватно партнерство.

„Советот на општината имајќи ги во предвид пред се одлуката на Управниот одбор, донесе одлука за давање на согласност на неговата одлука а постапката за спроведувањето и склучувањето на договорите со ЈПП би требало да се одвива согласно законот за концесии и ЈПП и требало да спроведат а највероватно и е спроведена од страна на органите на ЈП Комунално од Струга“.

Тоа што струшките советници го усвоија извештајот од ЈП „Комунално“, Струга и го одобри склучувањето на договорите со кои трите значајни комунални дејности, управување со зелениот пазар, пајак службата и рециклирање на комунален отпад се дадоа на приватни фирми, никого не го амнестира од одговорност, доколку имало пропусти во постапката. Нетранспарентноста на ЈП отвара сомнеж дали се е направено согласно законските прописи кои ја третираат оваа проблематика.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top