Младите претприемачи-иднина на европскиот бизнис

Младите претприемачи учеа како полесно и побрзо да ги развиваат своите претпријатија.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretpriemaci rabotilnica
претприемачи работилница

Младите претприемачи се иднината на балканскиот бизнис. Токму тоа е причината за одржувањето на една од серијата работилници на тема „Корпоративен идентите“ кои се дел од проектот за Економска соработка помеѓу Рајнската област-Фалц и земјите од југоисточна Европа. Млади претприемачи, но и претприемачи кои долго време се занимаваат со бизнис, добија сознанија за тоа како функционира претприемништвото во Европа.

mladi pretpriemaci„Јас сум повеќе насочена кон стручниот дел на работата. Овој дел, маркетиншкиот дел ми е послаба страна и затоа сум дел од оваа работилница, да добијам малку повеќе сознанија во делот на рекламата и адвертајзингот. Во која насока треба да се движиш, и од што имаш повеќе потреба, да добиеш сознанија дали ти требаат повеќе визит карти, дали ти требаат брошури.“

„Се консултиравме со стручњаците, експертите од Кобленц, на каков начин се работи кај нив, како треба овде да учествуваме на нашите пазари, како да ги заштитиме фирмите, како да дојдеме до нови работи.“-рекоа дел од учесниците на оваа работилница.

Германскиот експерт Ивон Најзер која е воедно и предавач на оваа работилница, вели нема голема разлика помеѓу тоа како функционира германското и македонското претприемништво.

biznis„Тоа функционира исто како што функционира и овде. Постојат млади претприемачи во Германија кои што навистина функционираат доста добро и коишто конкретно оваа тема ја владеат многу добро. Постојат  други фирми на кои што сеуште не им е баш јасно како треба да настапат поради тоа што се сеуште млади, што значи дека малку полошо го прават тоа, и затоа добро е што им се нуди таа можност преку занаетчиски комори, преку разни здруженија да можат да посетуваат вакви семинари, работилници каде што можат да се стекнат со нови знаења и искуства, се со цел за подобро да работат.“-вели експертот и предавач на работилницата, Ивон Најзер.

Борис Парванов од проектната канцеларија на југоисточна Европа, вели дека во младите претприемачи се наоѓа иднината на европскиот бизнис.

rabotilnica pretpriemaci„Оваа работилница е дел од цела една серија работилници кои ќе се насочени кон младите претприемачи. Тоа е така, затоа што според нас, сега во југоисточна Европа започнува една декада на смена на поколенијата која значи дека оние кои ги основале своите фирми во деведесетите години, постепено треба да се ориентираат кон отстапување и нивно заменување од млади претприемачи и наша цел е всушност да потпомогнеме во тој процес на промена.“-вели Борис Парванов од проектната канцеларија на југоисточна Европа.

Од регионалната занаетчиска комора од Охрид, како домаќини на оваа работилница велат дека тие постојано ги едуцираат младите и оние кои сакаат да се занимаваат со занаетчиство. Нејзиниот претседател, Сашо Богоески, потсети на можноста за конкурирање за добивање неповратни средства за отворање на свој бизнис преку Бирото за вработување.

„Ние во меѓувреме можеме да им помогнеме со вакви семинари каде тшо во старт ќе добијат плус сознанија како би ја развивале фирмата во иднина да опстане и да се развива од микро, мало, средно , па дури и во големо претпријатие.“-изјави претседателот на занаетчиската комора од Охрид, Сашо Богоески.

Инаку проектот за економска соработка помеѓу Рајнската област-Фалц и југоисточна Европа е четиригодишен проект, а нивни партнери во спроведувањето се и Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top