Жителите на Мислешево спречени во намерата да постават јарбол со државното знаме

Се поставува јарбол висок 20 метри со знамето на Р. Македонија во Мислешево, Струшко. Иницијативата е граѓанска, поставуваме државен знаме на приватно земјиште, но струшката Локална самоуправа се обидува да не спречи во намерата, велат мештаните.

 |  Билјана Николоска  | 
zname
zname

protestСе поставува јарбол висок 20 метри со знамето на Р. Македонија во Мислешево, Струшко. Иницијативата е граѓанска, поставуваме државен знаме на приватно земјиште, но струшката Локална самоуправа се обидува да не спречи во намерата, велат мештаните.  Сопственикот на земјиштето Ѓорѓи Трифуноски, кој што приложи имотен лист дека станува збор за приватана сопственост, вели дека знамето на влезот на Мислешево ќе се вее и никој тоа неможе да го оспори.

„Дојдоа да ме прашаат соселаните дали може да се постави тука знамето, бидејќи знаат дека местото, нивата е моја. После тоа ме известија дека треба да се отстрани, бидејќи не било на мој имот. Како не е мое кога се гледа на скицава дека е мое.Ова нема да се тргне од овде, јарболот ќе се постави, бидејќи имотот е лично мој“ – Ѓорѓи Трифуноски.

temel za jarbolПокренавме граѓанска иницијатива за поставување на јарбол со државното знаме, сметајќи дека тоа на никој нема да му посмета, вели Стрезо Јовчески од Мислешево. Тој додава дека мештаните дале свој придонес со парични средства кој колку можел, но проблемот настанал кога во три наврати на лице место каде што работат, дошле инспекторите придружувани од градскиот архитект и им кажале да ги прекинат градежните активности.

„На 28 ноември цела Струга беше преплавена со албански знамиња. Ние не реагиравме, ниту запаливме знаме. Претходно наше знаме беше запалено, црква, и ниту еден албански медиум не информираше за тоа. Нас не ни пречат нивните знамиња,а не треба и ова знаме да му пречи некому.-Стрезо Јовчески.

На мештаните од Мислешево сомнително им е и решението кое што го дала струшката локална самоуправа, без архивски заверен печат, и без потпис на одговорно лице кое стои позади изречената одлука да не се поставува јарбол со знаме. Затечен од состојбата беше и секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски. Тој појасни каков е процесот околу покренувањето на граѓански иницијативи.

„Не сум ја видел иницијативата, но по правило иницијативата се доставува до советот на општина Струга, јас не знам до каде била назначена односно доставена. Но во секој случај таа пред се треба да помине низ Советот на општина Струга, да ја разгледаат одредени комисии и врз основа на стручни мислења согласно постојните законски прописи да се одговори соодветно на иницијативата, да се прифати или не“.-Зоран Гулицоски – секретар на општина Струга.

И покрај оспорувањето на струшката локална самоуправа за поставување на јарбол со знамето на Р. Македонија на влезот на Мислешево, струшко, не запираат градежните активности. Мештаните спонтано, но во голем број излегоа на мирен протест, да ја поддржат граѓанската иницијатива и решени се до крај да ја реализираат нивната намера.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top