Продавницата на некогашен „Напредок“, во нас. Гоце Делчев , дувло на наркомани.
На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги. Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни.
Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание на проблемот. Околу тоа што конкретно ќе певземе полицијата, официјален став очекуваме деновиве.
Контактиравме и со локалната самоуправа со цел да откриеме што е предвидено да има на овој простор. Портпаролот Симон Илиевски вели дека според најновиот детален урбанистички план на овој простор се планирани два приземни објекти. Тој додава дека иако локалната самоуправа го средува овој потег, сепак на објектот не може да интервенира затоа што станува збор за приватен имот.
Жителите на населбата велат дека според нивните сознанија објектот е сопственост на познатиот бизнисмен Фијат Цаноски. Но, неговиот син во телефонскиот разговор ни откри дека тие до неодамна биле сопственици на „Напредок“, но додава дека ги продале акциите. Името на новиот сопственик не успеавме да го дознаеме, а со тоа останува непознато дали нешто во блиска иднина ќе се гради на ова место или постојниот објект ќе се обезбеди за да нема несакани посетители.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град