Михаилов: Петрески не ја дава салата за промоција на партиска програма

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со изговор дека спортската сала не се издава за политички цели не дозволи презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески, да се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, реагира првиот човек на Охридскиот комитет Атанаско Михаилов.

 |  Николоска Биљана  | 
sala
сала

mihailovГрадоначалникот на Охрид Александар Петрески со изговор дека спортската сала не се издава за политички цели не дозволи презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески, да се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, реагира првиот човек на Охридскиот комитет Атанаско Михаилов.

„Со жалење мораме да констатираме за што добивме и службен допис дека спортската сала нема да ни биде одобрена за презентација на нашата програма. Сметаме дека тоа претставува недемократски чин со што на граѓаните на Охрид им се оневозможува да во што поголем број ја видат програмата која што наредните 4 години ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Др Никола Бакрачески ќе ја реализираат. Затоа прашуваме, од што се плаши Александар Петрески од сигурниот пораз кој ќе го доживее. Програмата граѓаните ќе ја видат секако и ќе ја реализираат градоначалникот и советничкото мнозинство на ВМРО – ДПМНЕ. После 8 години лошо и хаотично владеење ќе имаме ред и поредок во Охрид“.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top