Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај

Завод и музеј годинава ќе ја конзервира и реставрира џамијата Мустафа Челеби во Струга.

 |  Мишел Наумоски  | 
Celebi
Челеби

Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен.

dzamija CelebiПроектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени.

„Интензивно се работи на изработка на проектите за реконструкција и санација на џамијата. Оние делови кои што останаа ќе бидат санирани, останатиот дел кој што беше срушен, ќе биде реконструиран и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви проблеми. Голем дел од објектите кои што порано биле прогласени за поединечни споменични добра, веќе ги нема, не постојат. Се срушиле, се изградиле нови објекти. Ние сме принудени голем дел од тие објекти да ги бришиме, да донесуваме акти за престанок на заштита, затоа што веќе не постојат.“-вели директорката на Завод и музеј-Охрид, Тања Паскали-Бунташеска.

rekonstrukcija Mustafa CelebiСпоред националната установа Завод и музеј, џамијата Мустафа Челеби дефинитивно била бесправно рушена, бидејќи тие веќе ја имале прогласено за поединечно споменично заштитено добро, но велат дека не наишле на слух кај тогашното раководство на муфтиството.

„Тешко оди соработката, меѓутоа да се надеваме дека веќе и тие стануваат свесни дека мора да не консултираат. Еве веќе во поглед на изработката на заштитно-конзерваторските основи за изработката на деталните урбанистички планови, имаме воспоставено добра соработка со началникот на Секторот за урбанизам, вклучени сме во сите постапки и изработуваме заштитно-конзерваторски основи и барем сега-засега не вклопуваат во плановите кои ги изработуваат. Се надеваме дека свеста ќе проработи, ќе се овозможи уште подобра комуникација.“-рече Паскали-Бунташеска.

Инаку само за потсетување, дел од џамијата Мустафа Челеби минатото лето беше разурнат од тогашното раководство на муфтиството, наводно со цел да биде извршено проширување на џамијата. По острите реакции и на граѓаните и на институциите, беше сопрена постапката за нејзино рушење, а дојде и до смена на тогашниот прв човек на муфтиството.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top