Нови европски проекти

Секторот за Туризам и локален економски развој и оваа година работи на поголем број проекти. Неодамна  аплицираше со Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Од таму посебно се задоволни од позитивниот одговор на апликацијата за место во престижната Меѓународна Организација, Квалити Кост.

 |  Јаковлева Лионела  | 
Ohrid
охрид

 

Секторот за Туризам и локален економски развој минатата година реализирал 30 проекти. Раководителот на овој сектор, Гоце Симоновски  вели дека не застануваат тука. Општина Охрид преку овој сектор неодамна  аплицираше со уште еден проект. Станува збор за Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија. Ова е убава можност за промоција на Охрид во останатите земји- партнери на проектот, како и промоција на европските вредности и европската идеја, зближување на граѓаните од различни европски држави и размена на искуства во различни области. Но, Симоновски потенцира дека една голема кочница за да може општината да извлече што повеќе пари од европските фондови е тоа што државава не е членка на ЕУ па можат да ги користата само оние претпристапните фондови.охрид

Од Секторот за ТЛЕР посебно се задоволни од позитивниот одговор на апликацијата за мСекторот за Туризам и локален економски развој и оваа година работи на поголем број проекти. Неодамна  аплицираше со Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Од таму посебно се задоволни од позитивниот одговор на апликацијата за место во престижната Меѓународна Организација, Квалити Кост. Quality Coast е интернационална програма за доделување сертификати за одржлив туристички развој на познати светски дестинации.

Од страна на оваа реномирана институција од 2007 година, 125 туристички дестинации ( крајбежни градови, летувалишта и острови) од 25 земји се добитници на престижното признание Quality Coast Award. Оваа година, на Охрид му е овозможено без финасиска контрибуција, како исклучително атрактивна туристичка дестинација да учестуваа во конкуренцијата за оваа награда.  Симоновски вели дека бенефитот од ваквите проекти е многу голем, а имаат една заедничка цел, во градов да пристигнат што поголем број на туристи кои ќе остават што повеќе средства како во пансионската така и во вонпансионската потрошувачка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top