Масовни тужби кон ЕВН Македнија.
Со решение на Комисијата за заштита на конкуренција од 2009 год. одлучено е дека ЕВН Македонија од јануари 2005 год. заклучно со 28 февруари 2008 год. без основ, на секоја сметка наплатувала манипулативен трошок, по 6 денари. Имено, на сметките од дември 2007 год и јануари и февруари 2008 год. доколку под ставка 25 – манипулативен трошок, во износот на сумата за плаќање се наплатени плус 6 денари, може да се тужи компанијата. Адвокат Светозар Ристески за ТВМ објаснува што е противправно во манипулативниот трошок кој ЕВН Македонија го наплатувала од граѓаните на Р Македнија.
„Истото е потврдено и со пресуда на врховниот суд на Р. Македонија со тоа што сите граѓани кои го платиле тој манипулативен трошок кој бил составен дел на сметката од 6 денари имаат право тие средства да им бидат вратени назад за споменатиот период до 28 февруари 2008 год. Станува збор за една ставка која употребувајќи ја монополската позиција ЕВН ја има на пазарот ја наметнала и противправно го стекнала тој паричен износ. Ова право граѓаните може да го остварат во граѓанска парница преку постапка по однос на стекнување во граѓанките судови на Р Македонија“, вели адвокат Светозар Ристески.
Ристески додава дека сите граѓани кои плаќајќи ја сметката за месеците декември 2007, јануари и февруари 2008 год. имаат право овие средства да си ги повратат со камата. Тој додава дека треба само да се внимава кога доспеало плаќањето на сметката, затоа што битен е рокот за доспеаност за плаќање на тие сметки. За граѓаните да можат да тужат треба само да приложат копија на платена сметка, со што ќе потврдат дека навистина ја платиле таа сума. „Ова е доволно за да започне постапката“, категоричен е адвокат Ристески.
„Во принцип се решава многу брзо со оглед на тоа дека предметот е одлично документиран, потои решение на комисија за заштита на манипулација поточно заштита на конкуренција и постои пресуда на врховен суд што значи дека ЕВН долгот го признава во тој дел. Постапката се знае. На тужбата ЕВН има право на одговор. Во принцип логично е ЕВН да го признае побарувањето и самата да се лиши од дополнителни трошоци кои би следеле доколку се отпочне со парница, така да постапката оди релативно брзо“, додава адвокат Ристески.
Ристески е дециден дека оваа процедура која е законска можност на секој граѓанин е утврдена со закон. Тој додава дека злоупотребата на монополската позиција на ЕВН е констатирана и од надлежни државни органи, така да воопшто не постои можност за манипулирање во делот на наплата за тие средства. „ Станува збор за сума која во принцип е симболична, но граѓаните имаат право да си ги повратат средствата кои бесправно им се земени“, вели Ристески.
Според неговите сознанија сега засега најголем интерес за повраток на овие средства од цела држава има во Охрид. Дали ова значи дека охриѓани се најинформирани, или пак она што е нивно не го оставаат на друг никој не знае, но едно е сигурно, а тоа е дека огромен број наши сограѓани платените сметки поради сигусрност, не само од 2008, туку ги чуваат од многу поодамна.
На прашањето дали и кај други претпријатија кои имаат монополска позиција во Р Македонија има можност за слични спорови, Ристески не сакаше многу да зборува. Само додаде дека можноста е голема и има основ за поведување на слични спорови и со други деловни субјекти кои имале монополски позиција во Р Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град