Завод и музеј се пофали со сработеното, најави нови, интересни проекти

За оваа година најавија финализирање на неколку позначајни проекти од областа на конзервацијата на фасади, со кои Охрид треба да врати барем дел од карактеристичната староградска архитектура.

 |  Мишел Наумоски  | 
Plaoshnik
Плаошник

Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“ ги презентираше резултатите од својата работа во изминатите 6 години. Периодот од 2006та до 2012 година, се покажал како доста продуктивен за оваа национална установа. Тие успеале да реализираат вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство и 36 проекти за заштита на движното културно наследство.

Bazilika Manchevci„Во поглед на недвижното културно наследство, конзервирани и реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, конзевирани и презентирани се над 300 метри квадратни богати мозаично подови, конзервирани се вкупно 6 исламски објекти, сакрални и профани, конзервирани и презентирани се вкупно 4 археолошки локалитети, конзервирани и реставрирани се повеќе метри квадратни од бедемските ѕидови од подградието на Самуиловата тврдина, во делот на комплексоите Горна и Долна порта.“-вели директорката на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“, Тања Паскали-Бунташеска.

Само во текот на 2012та година, „Завод и музеј“ ја започнале конзервацијата и презентацијата на археолошкиот локалитет Манчевци, потоа куќата на Бојаџиеви како значаен објект од староградската архитектура, куќата на Ајри Доко, како и ентериерното уредување на зградата на НУ Завод и музеј. За 2013та година, најавија финализирање на неколку проекти.

Kukja na Ajri Doko„Од проектот за санација на фасади, оваа година ќе работиме на конзервацијата на фасадата од куќата на Јонче Стружан, тоа е ресторанот Антико, и мислам дека тоа ќе биде доста атрактивен проект и со куќата на Ајри Доко, ќе се оформи една интересна, карактеристична амбиентална целина, карактеристична за староградската охридска архитектура.“-рече Паскали-Бунташеска.

2013та година, за Завод и музеј, ќе биде особено работна бидејќи воедно ќе работат и на реализација на капиталните проекти, како што е возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, како и конзервацијата на црквата Света Богородица Перивлептос.

Ќе работат и на конзервација на живописите во три цркви во охридско, и тоа црквата Свети Никола во с.Косел, црквата Сите Светии во с.Лешани и Света Богородица Захумска во с.Трпејца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top