Солиден буџет за проект

Пет проекти за Управување со отпад на општините Струга и Дебрца се готови за апликација за повлекување на средства од пристапните фондови. Но засега, само еден од нив ќе може да ги добие средствата во висина од околу 80.000 евра од Швајцарската развојна агенција, како и од двете општини Струга и Дебрца.

 |  Николоска Биљана  | 
otpad
отпад

otpadОпштините Струга и Дебрца, на само чекор до искористување на   средства во висина од околу 80.000 евра. Средствата се наменети за реализација на 1 од 5 те капитални проекти кои се однесуваат на Управување со цврст отпад. Изминативе три месеци (октомври, ноември и декември), во 24 општини се одржаа 60 – ина форуми каде што граѓаните дискутираа на различни теми, проекти, буџети, доставуваа свои идеи, предлози и препораки, вели Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР. Тој додава дека денес во хотелот Димитрија, охридско, се одржа четвртата сесија на која стана збор за буџетите за проектите, за да може на последната петта сесија, која ќе се одржи на средината на февруари, учесниците на форумите да одлучат со кој проект ќе се аплицира пред Швајцарската развојна агенција.

„Станува збор за 2. 400 000 ,оо  денари кој што се дел учество во буџетот од Швајцарската агенција за развој, 2 000 000,оо денари кој што се придонес на општина Струга и 400 000 денари придонес на општина Дебрца. Значи за реализација на проектните активности ќе ги имаме на располагање околу 4 800 000,оо денари. Претпоставуваме дека заедно овие средства и други дополнителни средства кои што се како учество на локалните јавни претпријатија  од Струга и Дебрца ќе успееме најмалку да реализираме барем еден проект“- информира Жупан.

Целта на програмот форумот во заедницата е да го подобри граѓанското учество во донесување на одлуки на општинско ниво, вели Ибрахим Мехмети, раководителот на националната програма. Тој додава дека форумот е можност да се отвори еден нов модел на комуникација помеѓу граѓаните и општината со цел потребите на граѓаните да дојдат до израз, за да може градоначалникот и општинскиот совет да има увид во барањата и потребите на граѓаните. Тој е задоволен од досегашните средби со граѓаните.

otpad„Мислам дека имаме голем интерес од граѓаните сакаат да учествуваат, бидејќи ако тие не учествуваат тогаш се ова нема да има ефект. Но интересот е голем во сите општини и тоа е добар показател а и самите градоначалници им се олеснува работата“-појаснува Мехмети

Градоначалникот на општина Дебрца Ључо Којчиноски, смета дека средствата од Швајцарската развојна агенција во многу можат да допринесат да се помогне во зачувување на животната средина на подрачјето на двете општини.

„Ние аплициравме со проект за чистење за животна средина на општина Дебрца, во соработка со општина Струга и е од заедничи интерес, бидејќи сливното подрачје на реката Сатеска се влива во езерото и ги опфаќа трите општини“-вели Којчиноски.

Општините Струга и Дебрца имаат изготвено 5 заеднички проекти, кои се спремни во секое време да повлечат финансии од пристапните фондови. Тоа се проектите: „Воведување на систем за примарна селекција на отпад во регионот“, „Изградба на стационар за кучиња скитници“, „Трансфер станица за секундарна селекција на отпад“, „Воспоставување на систем за тртетман на органски отпад, т.е. поставување на подземни контејнери за органски отпад“ и „Системи за третман на отпад.“

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top