Се доградува зградата на информатичкиот универзитет.
Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.
„Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се од странство. Ќе имаме нови лабаратористи, простории каде ќе можеме повеќе да се занимаваме со истражување. Повеќе натава, повеќе студенти, повеќе професори, повеќе истражување што се надевем дека ќе значи подобрување на економската состојба во Охрид, и повеќе приходи“, вели проф д-р Тони Драганов Стојановски, проректор за наука.
Проректорот открива дека се поголем е интересот на студентите, за студирање на овој универзитет. Тој додава дека се подготвуваат нови студиски програми, претежно на втор циклус студии, што би требало овој универзитет да го направат уште попривлечен.
Во моментов на информатичкиот универзитет студираат околу 300 студенти, а оваа бројка и сега ги надминува просторните услови. Проректорот Стојановски вели дека доградбата на универзитетот не значи дека овој универзитет трајно ќе остане на оваа локација, и додава дека биле приморани на овој чекор, се додека не се најде трајно решение за универзитетот.
„Доградбата на универзитетот ќе биде од буџетски средства. Како што гледате активностите се веќе почнати и работите треба да завршат пред 15 септември, за објектот да биде употреблив пред почетокот на идната учебна година. Оваа зграда во моментов не ги задоволува нашите основни потреби за предавање и за настава. Ова е првиот чекор, објектот на АРМ, Касарната во наредната фаза ќе биде оспособен за потребите на универзитетот“, додава проф д-р Драганов Стојановски.
Инаку универзитетот за информатички технологии постојано знае да изненади со Научни работници кои ги носи како гости. Минатиот семестар кај нив гостуваше познатиот и признат светски научник, проф д-р. Предраг Спасоевиќ, еминентен во својата област, и кој одржа предавања од областа бранови и оптика, а пред две недели гостуваше проф. Д-р. Јаков Чакарески кој потекнува од Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град