Црвениот крст ги обучува основците како да се заштитат од грип

Епидемиолозите ги обучуваат младите како да се заштитат од грип.

 |  Маленкова Татјана  | 
predavanje za grip
предавање за грип

Засилена лична хигиена, редовно миење на раце, заштита при кивање со хартиени шамивчиња, редовно проветрување на простории. Овие мерки навидум ни се познати, но колку од нив ги применуваме. Токму ова е поводот Црвениот Крст во основните училишта да спроведе предавања на тема како да се заштитиме од грип.

„За училиштата препорачавме засилена хигиенизација и кај нив редовно проветрување на училниците и predavanje za gripходниците, вонредна дезинфекција на просториите, повторни систематски прегледи на вработениот персонал“, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска.

Едукативните предавања во училиштата се во координација на црвениот крст и центарот за јавно здравје.  „Превентивата е златото во здравството и она што може да в роди со плод и што треба да в роди со плод, за да немаме последици по здравјето“, категоричен е претседателот на црвениот крст Сашо Точко.

„Веќе сме сведоци дека одиме по училиштата заедно со екипите на центарот за јавно здравје на децат ги пренесуваме препораките кои се заштита од сезонскиот грип, а сепак тоа да биде приспособено на нивната воздраст. Има позитивни резултати и ефекти како што ги гледаме и самите дома како родители. Тоа ќе го правиме и во текот на наредната недела. Веќе испративме информации до сите училишта оновни во градот, имаме повратни информации од неколку училишта, апелирам сериозно да ја сватат работата“, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точко.

predavanje za gripТочко појаснува дека најважно е доколку некој има симптони на грип, веднаш да се обрати кај матичниот лекар кој пак треба да го испрати во центарот за јавно здравје каде се зема брис по што се дијагнстицира кој тип на грип е.
Епидемиолозите препорачуваат децата кои не се чувствуваат добро, да избегнуваат одење во училиште, со цел да се заштитат пред се себе си, а потоа и другарчињата, а дома да се користат витамини, топли напитоци и  проветрени простории.Претседателот на ОО на Црвениот крст појаснува дека едукативните предавања продолжуваат и од понеделник, а потоа се подготвува специјална програма намената за најмладата популација во градинките.  

 Инаку во Охрид засега има дијагностициран само еден случај со свински грип, кој во моментов е префрлен на инфективната клиника во Скопје. Другите регистрирани случаи се со сезонски грип. „Земени се брисеви од сите заболени и чекаме резултати“. Сите заболени од грип примаат тамифлу и сите се во добра здравствена состојба“, вели епидемиологот Јованка Струлакова Коровешоска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top