Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатен приход

УЈП, со потсетување за обврските на фирмите и за издавање на збирни пресметки на вработените за исплатените приходи во минатата година.

 |  Мишел Наумоски  | 
ujp shalter
ујп шалтер

Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатени приходи во изминатата година. Полека се ближат крајните рокови за поднесување на добро познатите обрасци ПДД-ГИ до подрачното одделение на Управата за јавни приходи во Охрид. Во овој образец, правните лица, односно фирмите треба да ги пријават бруто-приходите на даночните обврзници, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по повеќе основи.

klient ujpТука влегуваат нето-приходите по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права, добивки од игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка. Покрај годишниот извештај, фирмите имаат обврска и кон своите вработени.

„Фирмите кои вршеле исплати по горенаведените основи, на граѓанинот треба задолжително да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2012 година. Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на фирмата како исплатувач на приходот, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персонален данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во годишната даночна пријава.“-вели Рејна Стефаноска, раководител на подрачното одделение на Управата за јавни приходи од Охрид.

Крајниот рок за поднесувањето на овие обрасци истекува на 15ти Февруари, а истиот рок важи и за фирмите кои што откупуваат земјоделски производи од физички лица.

ujp kancelarijaОвие фирми имаат обврска да го достават годишниот извештај со образецот ПДД-ГИ/ОЗП каде треба да бидат наведени податоци за физичките лица од кои бил вршен откупот на земјоделски производи, шифра на дејноста како и износот на исплатениот приход. Доколку не бидат испочитувани овие рокови од УЈП предупредуваат на големи казни.

„Доколку до 15ти Февруари, фирмите не достават годишен извештај ПДД-ГИ/ОЗП, за исплатите на граѓаните по основ на откуп на земјоделски производи, законот предвидува глоба во износ од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, пропишана е глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност.“-рече Стефаноска.

Пократок е рокот за поднесување на годишен извештај за организаторите на зелен пазар. За овие правни лица, кои вршат трговија на големо и мало, рокот е до 31 јануари, а во нивниот образец ПДД-ГИ-ЗП треба да наведат кој ги користел продажните места на зелениот пазар. Годишните извештаи за исплатени приходи може да се поднесат или во даночните одделенија на УЈП или по електронски пат преку опцијата е-даноци на нивната веб страна www.ujp.gov.mk.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top