Тие ќе бидат униформирани, ќе имаат право на лице место да идентификуваат и доколку е потребно да изрекуваат мандатни глоби во висина од 50 евра за прекршителите на комуналениот ред.
Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот.
„Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во функција за изрекување на соодветни казнени мерки, сега со овој документ јасно се посочува дека може да назначиме комунални редари кои имаат право да ги провери и идентификуваат лицата кои ги повредуваат одредбите од законот“-потенцира Гулицоски.
Гулицоски информира дека воспоставување на комунален ред е повеќе од потребно, бидејќи општата слика во градот години наназад е лоша. Како класичен пример го посочи нагрдувањето на надворешниот изглед на стамбените комплекси, кои се ишарани со графити, пораки, а некои од нив и уништени, како и грдата слика на прозорците, балконите и оградите на дел од објектите, каде и ден денес може да се забележи изложена облека, постелнина, теписи и друго. Гулицоски вели сопствениците на станбените и деловни објекти се обврзани да ги уредуваат надворешните површини.
„На прозорците и балконите може да се чуваат само цвеќе, украсни билки на начин што не ја загрозуваат безведноста. Исто така сопствениците на живите огради и на објектите кои што имаат огради, тие треба да ги оддржуваат и да ги кастрат со цел да не се загрозува безбедноста во сообраќајот“-вели Гулицоски.
Комуналните редари ќе се соочат со голем обем на работа, бидејќи секој агол во Струга е приказна за себе. Тука се испреплетени и проблемите од водоснабдувањето, јавната чистота, управувањето со комуналниот отпад, начинот на чувањето на контењерите, одржување на паркови и зеленило, а како најсериозен проблем со кој треба да се се справат редарите е прекопувањето на јавната површина. Од општина Струга информираат дека против прекршителите на одредбите на законот за комунални дејности, комунална чистота и законот за управување со води може да се поведе и прекршочна постапка пред надлежните институции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град