Ова културно специфично обележје скоро и да го нема низ Варош.
Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има.
Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен.
„Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите, а тие беа поставени на фасадите на куќите, па веројатно луѓето ги тргнаа, па ние како локална самоуправа моравме да поставиме друго осветлување.“-вели Симон Илиески, портпаролот на локалната самоуправа од Охрид.
Иако намената и на новите канделабри и на овие типизираните е практично иста, од локалната самоуправа најавуваат можно враќање на овој помалку стилски, староградски начин на осветлување на улиците.
„Идејата на локалната самоуправа е да ги подржи сите оние љубители на овој заштитен знак на Охрид. Ќе покренеме иницијатива заедно со „Завод и музеј“ да се направи посебен проект за осветлување на стариот дел од градот, па најверојатно ќе ги има во вид сите овие елементи и карактеристики и ќе го вратиме тоа обележје онаму каде што му е местото, односно во централното градско јадро, во стариот дел на Охрид.“-рече Илиески.
Фенерчињата во форма на стара охридска куќа се навистина ретки, во тоа се уверивме и ние. Ова што го регистрира нашата камера е повеќе или помалку се што е останато од овие интересни канделабри.
И навистина изгледаат убаво, да се надеваме дека ќе бидат обновени и уште долги години ќе ги осветлуваат старите охридски улици.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град