Димитрија Ашталкоски го фати крстот во Струга

Му се исполни сонот на Димитрија Ашталкоски од Струга. Тој е чесниот фаќач на светиот крст во Струга. Годинава осветувањето на водите на реката Ц. Дрим беше во организација на кумовите Перо Петкоски и Ѓоко Илоски.

 |  Николоска Биљана  | 
vodici
водици

Димитрија Ашталкоски го фати светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга. Здравје среќа и бериќет ќе го следат годинава 26 годишниот стружанец, според верувањата на постарите. Преголемата возбуда на Ашталкоски, кој за прв пат скока на Богојавление и тоа не случајно, беше очигледна.

vodici„Многу сум горд, чест е да се фати крстот во Струга. Годинава одлучив да скокам по светиот крст бидејќе пред две недели сонував сон“-вели Ашталкоски.

Одбележувањето на Богојавление во Струга не може да се замени со ниту едно друго место, велат стружани. Додаваат дека денес се слави најубавиот и најсветиот ден.

Годинава манифестацијата Богојавление-Водици успеавме да ја подигнеме на повисоко ниво, вели годинешниот кум Перо Петкоски. Тој смета дека е добро и во Струга да се формира граѓанско здружение со цел организациски да биде подобро за овој голем христијански празник.

„Организацијата на мостото беше наша, сега овде организиравме малку храна топла ракија, чај, потоа помал круг луѓе имаме ручек во хотел Београд со што се заокружува настанот, нормално имаме и поклон за лицето кое го фати крстот – изјави Петкоски.

vodiciПодготовките за организација на осветувањето на водите од реката Црн Дрим во Струга траеле повеќе од месец дена, изјави Ѓоко Илоски, исто така кум на манифестацијата Водици. Годинава во чест на празникот обезбедиле и икони кои завршија на вистинското место, додава тој.

„Предвидовме да се изработат икони кои беа на самиот мост и истите ќе бидат подарени на црквата Св. Ѓорѓија, покрај тоа подаривме и на Параклисот „Света Богородица“, два јарболи кои го одбележуваат тоа место како православно место каде ќе биде подигнат голем православен храм“– рече Илоски.

Светиот крст во водите на реката Црн Дрим, од чаршискиот мост го фрли владиката на Дебарско- кичевската епархија Господин Тимотеј. Исто така тој на Ашталкоски на вратот му го стави златното ланче и крстот. И годинава полу часовниот ритуал на осветување на водите, стружани масовно го следеа. Насекаде се служеше топла ракија и чај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top