Охридски Комуналец во акција

Охридски Комуналец го чисти сметот покрај патот за кој треба да се грижат од јавното претпријатие „Македонија Пат“.

 |  Николоска Биљана  | 
dzubre
џубре

Охридски Комуналец во акција. Екипите на ова Јавно Претпријатие по втор пат, веќе два дена во услови на  дожд, излегоа на терен  за ги чистат отпадоците расфрлани странично од коловозната лента на влезот на Охрид од петљата па се до Подмоље, како и од Биљанини извори до Св Наум. dzubreПрвиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека тоа го прават за да ја тргнат лошата слика на расфрлан смет на патниот правец кој води до Охрид, бидејќи очигледно дека тоа не му смета на претпријатието под чија што надлежност е овој патен правец.

„И минатата година во месец јули откога увидовме дека овој патен правец не се чисти редовно од службите кои треба да ја извршат таа работа, одлучивме да го исчистиме патниот правец од Охрид накај Скопје до селото Подмоље. Значи акцијата трае од вчера, до денеска се собрани над 40 метри кубни различен отпад. Од утре продолжуваме“.

„Повторно чистиме на терен за кој не сме надлежни потенцира“,   Алче. Додава дека тоа го прават во интерес на градот бидејќи се очекува 10 000 гости за престојниот верски прзник Богојавление-Водици.

dzubre„Македониај пат  очигледно не ја извршува работата што треба да ја изврши меѓутоа она што нас и на Локалната ни смета е тоа што туристите не прашуваат кој не си ја заврши работата тие гледаат радсфрлан отпад покрај патот и тоа е лоша слика“.

Алче како одговорен виновник за состојбата со сметот на одредени локации во општината ги посочи инспекциските служби кои според него не си ја вршат добро работата.

„Мислам дека проблемот лежи во инспекциските служби. Доколку инспекцијата излезе на терен, ги констатира работите и опомени службите ќе мора да излезат и да си ја завршат својата работа“.

Директорот на комуналното претпријатие Алче, категоричен е во својот став, дека доколку и понатаму од Македонија пат ги игнорираат забелешките кои им ги упатуваат во врска со расчистување на сметот покрај патот, тие комплетно ќе ја преземат одговорноста и со редовни активности, на своја сметка, ќе чистат покрај патот посебно на местата каде што за влез или излез поминуваат бројните туристи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top