Охридска геријатрија полна со гости

Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Тие на своите колеги им однесоа вкусни, месени солени и благи намирници од сопствено производство, како и по еден пар топли обувки.

 |  Николоска Биљана  | 
gerijatrija
геријатрија

gerijatrijaПити и погачи од домашната кујна на охридските пензионерки, како и топли обувки денес пристигнаа на одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Ова е гест на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, кои и годинава по повод празниците, традиционално ги посетија старите лица кои се сместени на ова одделение.

„Традиционално како и секоја година доаѓаме овде кај нашите колеги и колешки пензионери да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, со скромни подароци и со по нешто од нашите кујни и да им посакаме добро здравје и добро да се држат додека се овде“-вели Добринка Талева од здружението.

„Пензионерите ни се чести гости кои редовно не посетуваат за празниците“ велат од одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Главната сестра на ова одделение Соња Илоска, вели дека нивната грижа за старите лица е голема, ги чуствуваат како свои родители и не е точно она што некогаш се сметало дека старите лица донесени на геријатрија се фрлени.

gerijatrija„Многу сум благодарна со тоа што се трудат да направат нешто домашно, тоа го правиме и ние, но посебно сме почестени од вредните раце на пензионерките, бидејќи нашите штитеници на сите подарени работи посебно се радуваат“ – изјави Илоска.

Дека грижата за старите лица на геријатрија од страна на медицинскиот персонал е голема, потврдуваат и корисниците на нивните услуги. Баба Ева Бочева не ги криеше годините и нејзините впечатоци од пензионерските денови кои таа ги поминува на геријатрија.

„Деветнаесета сум родена 12.12. Се ни е овозможено и се што бараме ни даваат и ни овозможуваат скоро се“.

Охридското одделение за геријатрија работи со полна пареа и секогаш се бара кревет плус. Дневно за престој се плаќа од 500 до 550 денари по лице. На ова одделение има 35 корисници на услуги претежно стари лица на кои им е потребна медицинска грижа. Најстариот пациент кој престојува тука има 97 години.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top