Вевчански карневал-традиција која не замира

Денес се симнаа и запалија маските како симбол на вечниот триумф на доброто над злото.

 |  Мишел Наумоски  | 
Grcija pomen
Грција помен

Вевчанскиот хумор бесмртен како и карневалот. Цели 14 векови традиција, од година во година се помасовен, се попосетен, се поенергичен. Вевчанскиот василичарски карневал уште еднаш успеа на едно место, во держава Вевчани, да собере илјадници луѓе, од целата држава, па и од целиот свет.

zet i nevestaСо право ви треба посебен пасош за да влезете во ова историско место каде магијата оживува пред вашите очи. Ѓаволи, вештерки, султани, комити, зетот од Горна маала, Златниот човек… На Вевчанскиот карневал, се е возможно и остварливо. Од традиционални маски, па се до иронични претстави на македонското секојдневие. Раат не видоа ни политичарите, ни медиумите, нема некој што остана недопрен од хуморот на вевчанци, за секого имаа подготвено по нешто.

„Јас сум Горно Маалскиот зет, на горномаалските василичари. И секоја куќа во Вевчани ја поминуваме без грешка, затоа што овој празник е најважен за Вевчани и за сите Вевчанци кои го чекаме со срце. За многу години.“

vevchanska shmizla„Јас сум водач на турскиот аскер, командант.“

„Сега вака, црквата ни е одделена од власта, ама пак власта ни е со црквата. Па ете сега и ние да се замешаме, црква сме, се слушаме, постари сме и од државата и од власта. Теа е теа. За многу години, радосни и весели.“

„Маскава кажвит се. Коалиција СДСМ, ВМРО Народна, две во едно.“

„Ве молам фрлете некоја милјарда евра, во криза сум голема, еве малово не го гледате, ко за греота е.“

pomen GrcijaВрвицата со маскирани изгледаше недогледна, толку недогледна, што невозможно е да се споменат сите маски, од едногодишниот помен на нашиот јужен сосед, до вевчанската шмизла на малиот мотор, од политичари кои мораа да ги разделуваат со рачна пила, до гангам стајл танчерите. Само во Вевчани државниот буџет се носи на спортски начин.

Улиците беа тешки за поминување од бројните посетители од целата држава, од соседството, па и од преку океанот.  А имаат и што да видат и што да чујат. Од веќе стандардните настапи на културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, преку рок атракцијата „Дивље јагоде“ па се до Благица Павловска и Нино Величковски. Музика за сечиј вкус. Секоја наредна година, Вевчанскиот карневал станува се поголем магнет за туристите.

Zlatko„И вие самите гледате дека е топ дестинација, сите капацитети се исполнети, сите ресторани, сите угостителски капацитети. Мислам дека карневалот е еден бренд кој што допринесува за развој на туризмот, не само на Вевчани, туку и на Македонија.“-рече градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески.

За разлика од минатите години, годинава политичарите како да го избегнаа Вевчани, но вевчанци не ги одбегнаа нив, па им дадоа посебно место во она што се нарекува успешен приказ на македонското секојдневие.

Вевчанци денес ги симнаа и запалија маските, се ослободија од злите духови, од ѓаволите, од невољите кои им се збирале во текот на изминатата година.

Ова само како еден мал симбол на вечниот триумф на доброто над злото. Вевчанскиот карневал завршува, но само до догодина. А тогаш традицијата повторно ќе воскресне.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top