Прв пат со Закон ќе се санкционира нечистењето на снег

Со доаѓањето на зимата и снежните врнежи, граѓаните се обвразани да ги исчистат своите влезови и тротоари од снег, 6 часа по неговото паѓање.

 |  Валентина Нелоска  | 
kej
kej

Со доаѓањето на зимата и снежните врнежи, граѓаните се обвразани да ги исчистат своите влезови и тротоари од снег, 6 часа по неговото паѓање.

Тоа важи за јавните установи, стопанските претпријатија и за дуќанџиите. Сопстевниците на дуѓаните во чаршијата снегот ќе мора да го чистат до средината на коловозот.

Најпроблематично за инспекциските служби ќе биде справувањето со станарите од колективните станбени згради, затоа што законодавецот направил превид. Сепак станарите од зградите кои нема да го одржуваат просторот чист пред влозовите и јавните површини, казните ќе ги добиваат на домашна адреса бидејќи не функционираат куќните совети, велат од општинскиот инспекторат.

ulicaЛокалната самоуправа и ЈП „Комуналец“ до крајот на месецов треба да ја изработат Програмата за зимско одржување. Со неа подетално ќе се дефинираат активностите на претпријатието, но и на граѓаните вели Боро Павлоски. Граѓаните треба да се информираат за Законот за чистота и обврските кои произлегуваат од зимското одржување.

Оние кои нема да го почитуваат Законот ќе плаќаат дебели казни. Законодавецот предвидел граѓаните да бидат казнувани со парична глоба во висина од 500 до 1000 евра во денарска против вредност. За физичките лица казните се повисоки и се движат од 2000 до 3000 евра

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top