Се стиска обрачот околу ММИ

На вчерашниот итен состанок на управниот одбор на здружението на приватни медиуми, било одлучено да се подржи иницијативата која деновиве ја покренаа националните медиуми.

 |  Мишел Наумоски  | 
mikseta
миксета

Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги.

rezija medium„Вчера во Битола донесовме генерален став на здружението, значи 100 проценти да ја подржиме таа иницијатива, за одземање на лиценцата и стео тоа да се врати сосема на почеток. Колегите предлагаат таа да се стави на пауза до можеби некое влегување на Република Македонија во Европската унија, кога сите тие правни норми ќе бидат заокружени. Значи тогаш, авторските права ќе мора да бидат дел од целиот тој пакет на приклучување на земјата кон тие евроатлантски процеси. Најголемиот дел од тие нормативи, ние веќе ги исполнуваме.“-вели претседателот на Здружението на приватни медиуми на Македонија, Сашо Митаноски.

Покрај иницијативата за одземање на лиценцата на ММИ, националните медиуми одат и чекор подалеку, односно како дел од својата иницијатива тие во наредниот период воведуваат мораториум на домашната музика. Односно на нивните канали, нема да се емитува домашната музика, македонска или албанска.

mikseta„Она што ЗПММ вчера го договори е дека со оглед на тоа дека има многу медиуми во нашава групација коишто 100 проценти емитуваат македонска или домашна музика, тука може да се појави еден проблем кај колегите затоа што ако не ја емитуваат, што би емитувале? И токму затоа, нашиот став беше овој, дека како здружение генерално наша препорака без обврска е да ја почитуваат како еден вид на притисок и до владата и до Министерството за култура и до сите надлежни институции. Но сите колеги коишто кажавме од кои причини, апсолутно оправдани, тука нема збор, не можат да ја испочитуваат таа одлука, тоа е сосема легитимно и треба да постапат по сопствено наоѓање.“-рече Митаноски.

Митаноски, воедно за идната недела најави нова средба на Здружението, во поширок состав на која средба би присуствувале најголемиот дел од членовите на здружението, со надеж дека од таа средба ќе произлезат некои нови моменти.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top