Охридските адвокати нема да штрајкуваат без одлука за генерален штрајк

Охридските  адвокати својот револт од Законот за адвокатски маркички нема да го искажуваат со штрајк, чекор на кој пак се одлучија нивни колеги од неколку градови во државава.

 |  Мишел Наумоски  | 
advokati
адвокати

Законот за адвокатски маркички ги налути адвокатите.  Охридската заедница на адвокати барем засега својот револт нема да го искажува со штрајк чекор на кој пак се одлучија нивни колеги од неколку градови во државава. 

advokatska kancelarijaПретседателот на охридската заедница на адвокати, Љупчо Наумовски вели дека немаат легитимитет самостојно да носат одлуки за штрајк, но доколку таква одлука донесе управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија, тие во секој случај ќе им се придружат на своите колеги.

Револтот кај адвокатите го предизвика контроверзниот Закон за адвокатски маркички за кој тие вчера дискутираа во основниот суд во Велес.

Донеле одлука, од Владата да побараат одложување на примената на овој закон од 6 месеци до една година, бидејќи сметаат дека тој во пракса е неспроведлив.

advokatski markicki„Доколку тоа не се случи, одлучено е да се свика вонредно собрание на Адвокатската комора на Република Македонија и на тоа вонредно собрание да се донесат определени одлуки што понатаму со примената или непримената на овој закон. Планирано е тоа вонредно собрание да се одржи некаде на средината на месец Февруари, но се доколку не се најде слух во делот на одлагањето на примената на овој закон.“-вели претседателот на адвокатската заедница од Охрид, Љупчо Наумовски.

Наумовски потенцираше дека нивното барање за одложување на примената на законот е поради неговата практична неспроведливост, а не поради наводното избегнување на давачките кон државата од страна на адвокатите.

Тој додаде дека безразлика на проблемите со кои ќе се соочуваат, сите адвокати без исклучок ќе го почитуваат овој закон. Еве што овој закон ќе значи за нив.

Ljupco Naumovski„Пред се аконтатнивно плаќање на данок, за сите средства примени во готово. Значи за секоја работа со законска претпоставка дека средствата се примени во готово. Во пракса тоа ни случајно не може да се случи бидејќи ние кубуриме со тешка наплата. Значи имаме огромни проблеми со плаќање, и населението, неговата финансиска можност е таква каква што е и токму заради тоа, тешката наплата носи проблеми за имплементацијата на овој закон. Тешко ќе се имплементира затоа што имаме тешка наплата. Ние сега во овој момент сме во ситуација да ја кредитираме државата и да ги кредитираме странкиве кои што ги застапуваме.“-рече Наумовски.

Се поставува и прашањето дали со новите законски решенија ќе дојде до  поскапување на адвокатските услуги на сметка на граѓаните. Наумовски со став дека нивните услуги нема да поскапат бидејки истите се тарифирани со акт на Адвокатската комора на Република Македонија. Инаку, 16ти Февруари е рокот кој адвокатите и го дадоа на Владата да го одложи или да го измени Законот за адвокатските маркички.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top