Одложено продавањето на објект на МЈП Проаква – Струга

Продажбата на вториот објект од МЈП „Проаква“ Струга, не помина кај струшките советници. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека на местото каде што сега се наоѓа една стара руинирана зграда на работна единица „Водовод и канализација, треба да никне нов современ бизнис капацитет кој ќе донесе нови инвестиции во градот.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

sednicaОдложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина  точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на  претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса.

„Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба на добар и бизнис капацитет и становање. Мислиме дека така како што е не е добро за изглед една руинирана административна зграда да го нагрдува центарот. Ние предвидуваме во делот каде е магазинот на Проаква да изградиме административни канцеларии. Со продажбата не само што добиваме од продажбата, добиваме од комуналии“.

proakva zgradaСличен е ставот и на директорот на Р.Е. Водовод и канализација“, Струга Ваит Ајро. Тој го отфрла мислењето на јавноста дека продажбата на објектот се врши поради лошата состојба во која се наоѓа претпријатието. Но сепак директорот се грижи за своите вработени и има неколку алтернативи каде ќе бидат сместени доколку се продаде сегашната административна зграда.

„Проаква е на завидно ниво,  во стабилна состојба и ги врши услугите на граѓаните продажбата не е за санирање на состојба. Продажбата е одавна, откога е планирано планското уредување во општината во тој дел на градот“. Можно е во истиот простор кога ќе се инвестира да се придобијат нови простории, второ можно е да се купи нови простории и трето да се изгради нов објект каде се магацините на МЈП Проаква за да се сите во еден простор“.

Општината, на местото каде што се наоѓа административната зграда на МЈП Проаква- Струга има изготвено современо урбанистичко решение. Одлука за продажба на административната зграда чиј простор изнесува 364 метри квадратни пред еден месец донесе Управниот одбор на работната единица „Водовод и канализација“ од Струга, според која постапката за отуѓувањето ќе ја води Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.Првата административна зграда на ова струшко јавно претпријатие со одлука на Советот на општината беше продадена пред речиси две години.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top