Незаборавен дочек на новата година на градскиот плоштад


 Граѓаните и гостите кои последните минути од старата ги одброија во центарот на Охрид сеуште се под импресии од атмосферата која се создаде таму. Туристите велат дека повторно ќе дојдат во Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
nova godina
Нова Година

 

Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас,  ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и Ристо Самарџиев. Гостите и охриѓани велат дека била ноќ за паметење.нова година
Прекрасно си поминавме, беше многу забавно и убаво организирано
Ние сме од Ниш. По седми пат доаѓаме во Охрид за Нова година. Секоја година е се поубаво
Јас дојдов од Канада. Прекрасно е во Охрид и сигурно доаѓам и наредната година

Новата година беше дочекана со бенгалски огнови и голем огномет над Охридското Езеро. На присутните на плоштадот им се обрати градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој упати честитки со желби за здравје, успех и среќа во новата 2013 година.
посакувајќи Новата година да биде подобра од претходната. Дочекот на Новата година на Градскиот плоштад беше целосно во организација на Локалната самоуправа и финансиран од буџетот на Општината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top