Предновогодишна музичка магија во струшката чаршија

Втора година со ред, талентираните средношколци од музичкото училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ ги загреваа случајните минувачи со своите ноти.

 |  Мишел Наумоски  | 
koncert Struga
концерт Струга

Онаму каде што допира музиката, не успева да допре ништо друго. Музика, ноти, хармонии кои ја загреваат душата и празничната атмосфера ја прават да биде токму празнична.

novogodishen koncertВтора година со ред, за празничниот дух, се погрижија талентираните средношколци од државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга.

„Лани овој концерт помина добро, народот дојде и не слушна, виде дека постоиме, па се одлучивме и оваа година да го направиме истиот концерт во близина на новогодишните празници и се надевам дека ова ќе ни прерасне во традиција, да создадеме еден концерт од светски рамки.“

„Поентата е дека сакаме Струга да не знае кои сме и што свириме.“

„Ние имаме една намера, да знае Струга кои сме, да знае дека музиката е насекаде и дека музиката го топли срцето.“-рекоа дел од учениците.

publika koncertНемаше само сериозна музика, се пееше и свиреше и поп музика и празнични мелодии, и на македонски и на албански и на англиски јазик.

„Ова ни е вторпат. Целата идеја ни е да го организираме надвор, во чаршијава за да биде за цела Струга, не само за тие што ќе бидат внатре пример во Домот на култура. Затоа планиравме од лани беше идејата, за да биде за цела Струга концертот.“-вели Алтин Зиба, директор на државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга.

Овој музички хепенинг навистина беше наменет за цела Струга. Прекрасните изведби на младите средношколци привлекоа голема публика, и ако ништо повеќе успеаа барем малку да ја подигнат празничната атмосфера во Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top