ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти седницата за носење на буџет на Охрид

Буџетот на општина Охрид за 2013, се донесе без присуство на советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Дали станува збор за некакво сценарио од страна на СДСМ, Локалната и градоначалникот, како што реагираат од ВМРО – ДПМНЕ, или актуелната политичка атмосфера која владее на централно ниво се пресели во Охрид, јавноста ќе прецени.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica ohrid
седница охрид

Буџетот на општина Охрид за 2013та донесен без опозиционите советници од ВМРО ДПМНЕ.  Тие сметаат дека буџетот е неразвоен и е тотално промашување. Координаторот на советничката група Дејан Паноски, со објаснување што ги натерало да ја напуштат општинската сала. Нивната намера не била преку блокади и разни сценарија да го оневозможат  донесувањето на буџетот, но забележале дека нивните политички ривали подготвуваат некакво сценарио.

sednica1„Беше создадено од страна на мнозинството, од страна на Локалната самоуправа едно сценарио со телефонско повикување на луѓе за да присуствуваат на седница на Совет што е надвор од сите норми на работење и тоа го покажува односот и сценариото на СДСМ во Охрид и на Локалната самоуправа и е тотално некоректен и недозволува нормално работење на Советот. Во тој однос ние да не предизвикаме никаква тензија меѓу граѓаните, нити да предизвикаме некаков конфликт кој што веројатно беше нивна намера, ние ја напуштивме седницата- реагира Паноски.

Градоначалникот Александар Петрески смета дека причините кои советниците на ВМРО – ДПМНЕ ги изнесле за напуштањето на седницата воопшто не бие точни.

„Ниедна од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ не држат што ја напуштија седница и се друго што се кажа беше чиста гола политика а тоа кажува дека советниците на ВМРО- ДПМНЕ повеќе се грижат за својата партија отколку за граѓаните од кои се избрани“– вели Петрески.

Инаку советниците на ВМРО – ДПМНЕ на излегување од големата општинска сала , ги вратија новогодишните подароци, нарекувајќи ги лицемерни, затоа што Локалната сеуште не им исплатила 10  паушали или  околу 2 000 евра за секој советник.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top