Планирање на новите процедури за време на тестирање на допинг ќе чини многу за Фудбалскиот сојуз на Англија.
Планирање на новите процедури за време на тестирање на допинг ќе чини многу за Фудбалскиот сојуз на Англија.
Применувањето на новите правила исто така ќе биде многу тешко во праксата, изјави тренерот на европскиот шампион и премиер лигата, Алекс Фергусон.
Фергусон ги подржа строгите допинг тестови, со цел недозволените супстанции да ги снема од фудбалот, но изјави дека ќе биде тешко да се натераат фудбалерите да секојдневно поднесуваат извештаи за своето движење и начин на живеење.
Новите мерки ќе бидат претставени следната година со примена на правилата на Светската анти-допинг агенција кои стапуваат на сила на 1 јануари.
„Оваа федерација ќе мора да вложи вистинско богатство доколку сака да се применуваат новите правила за допнгот. Секако дека ние ги подржуваме сите акции кои се преземаат со цел недозволените супстанции да се искоренат од фудбалот. Спорен е начинот на кој тие сакаат да ги применат овие тестирања“, изјави Алекс фергусон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град