Екстерно оценување и денеска

И денеска во две основни и едно средно училиште се спроведоа пробни тестови за екстерно оценување.

 |  Маленкова Татјана  | 
testiranje eksterno
тестирање акстерно

Во основните училишта Григор Причев, Св. Климент Охридски и средното угостителско училиште и денеска се спроведе пробното екстерно тестирање. Учениците кои пред тестовите се плашеа од тоа како ќе изгледа самиот тест, денеска видно задоволни од тоа како поминаа. Велат тестот testiranje eksternoбеше полесен и од писмена задача.

Директорката на основното училиште Григор Прличев признава дека се соочиле со повеќе проблеми при спроведување на тестирњето, но додава дека за сите проблеми јавно ќе проговорат утре, кога и ќе се одржи последното тестирање.
И Директорот  на средното општинско угостителско училиште Ванчо Питошески, Секула Баткоски,  истакна дека имале проблеми, но дадава дека добро е што виделе како е замислено се, за да не се повторуваат проблемите и во месец мај.

„Ние како училишна комисија имаме уште утре тестирања, а после тоа ќе седниме и ќе ги сумираме сите резултати и од начинот на спроведување на ова екстерно отценување, ќе знаеме повеќе работи на кои недостатоци да ставиме акцент. Мислам дека има одредени проблеми се јавуваат прашања од матријалот од второ одделение или прашања кои не се тема на таа воздраст“, вели Секула Баткоски, директор на ОСУ Ванчо Питошески.

Баткоски додава дека администраторот е во постојана комуникација со државниот испитен центар во Скопје testiranje eksternoи во момент се решаваат сите проблеми кои го попречуваат тестирањето.
Инаку кодот за тестовите во сите пилот училишта пристигнува во 08.30 минути, па дури после тоа администраторот може  да ги стави компјутерите во погон. Тестовите се во најстрога тајност, не ги знае никој се додека  не се отворат компјутерите и децата не  добијат упатство како да работат.  
Кај сите училишта се јавуваат истите проблеми, некои деца не можат да се најават  за да почнат со работа, по што мора да се преместат на друг компјутер.

Тестирањата кои започнаа минатата недела, а завршуваат утре се пробни. Искуството од ова тестирање ќе треба да им ја олесни работата на учениците за главното тестирање во месец мај, кога од резултатите на учениците ќе зависи оценката на професорот.  
 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top