Ок на ВМРО ДПМНЕ обвини дека во општина Охрид, но и во јавните претпријатија се вршат партиски вработувања.
„Долгогодишните лаги, манипулации и долгогодишното задолжување и пренатрупање на општина Охрид и јавните претпријатија со партиски војници од страна на градоначалникот Александар Петрески и неговите блиски соработници по инерција продолжуваат и во последните сто дена од нивниот мандат. Континуирано е замајувањето на јавноста со партиски вработувања во локалната самоуправа и јавните претпријатија, а се со цел добивање на ситни партиски поени за ионака слабиот рејтинг на Петрески“, обвини денеска портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
„Покрај големата превработеност која е констатирана во Јавните претпријатија и во Општина Охрид, ЈП Охридски комуналец излегува со нов оглас за 21 работник. Иако во изминатиов период ЈП Комуналец покрај неколкукратното зголемување за наплата на услугите кон граѓаните беше актуелно со неисплата на редовен приход кон вработените како и со долгови кон ЕВН со што им беше исклучено и струјното напојување во нивната правна зграда, ЈП Охридски комуналец продолжува со праксата за превработеност со нови огласи за вработување со што до израз доаѓа недомаќинско и несовесно работење на ова претпријатие“, истакна Никола Митровиќ,портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Митровиќ додаде дека може да се претпостави по кои критериуми, Александар Петрески или блиските со него соработници прават селекција при вработувањето, согледувајќи ги последните вработувања во и онака пренатрупаната општинска администрација како и во јавните претпријатија во општина Охрид за што сведоци сме сите.
„Дали наместо квалитет, стручност и едукативност при селекцијата на новите вработувања се ослонуваат на партиска книшка од СДСМ, непотизам или тесни бизнис интереси и зделки.
Ваквиот деструктивен начин на водење на Општина Охрид и јавните претпријатија во градот Охрид се симбол на Александар Петрески и неговиот губитнички тим“, додава Митровиќ.
Портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ истакна дека Охриѓани знаат дека на наредните локални избори ќе биде избран градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на кој пред се приоритет ќе му преставува совесното и домаќинско работење како со Општината така и со Јавните претпријатија и редовното примање на приходи на вработените во Локалната самоуправа без разлика на нивната политичката припадност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град