Програмата „Млади во акција“, презентирана пред охриѓани


Програмата „Млади во акција“, денеска презентирана пред младите од Охридско струшкиот регион.

 |  Маленкова Татјана  | 
nacionalna agencija za evropski obrazovni potrebi
национална агенција за европски образовни потреби

Програмата креирана од страна на европската комисија е воспоставена за да ги имплементира политиките за млади на европската комисија и политиките за формално и неформално образование. Таму се имплементираат две програми, едната е „доживотно учење“, а другата „млади во акција“.

Тому оваа програма ги креира политиките за младите од 18 до 30 години, но и сите останати кои работат на полето за младите.  
„Програмата нуди многу простор за унапредување на младите и нивните вештини и знаење кои подоцна ќе nacionalna agencija za evropski obrazovni potrebiможат да ги искористат во нивниот личен и професионален развој“, вели Горан Ѓоргев, вработен во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од во секторот за младинска активност.

„Невладините организации прават партнерство со други невладини организации од странство, група на млади луѓе од нашата земја со друга група од друга земја. Заедно прават еден проект каде ќе учествуваат млади луѓе ќе работат на заеднички активности ќе изработуваат теми кои нив ги засегаат и истовремено ќе учат за своите култури и ќе разменуваат добри практики“, вели Горан Ѓоргев преставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Оваа програма нуди многу можности за младите и нивно унапредување“, вели Ѓоргев и додава дека целта на агенцијата е македонците да останат во Македонија, поточно тие да одат на обука во странство, да видат таму како се работи, и да се вратат кај нас каде ќе го применат тоа што го научиле.  
„Центар за тренинг, едукација и мобилност „ТИМ“ со седиште во Вевчани е Невладина организација која била корисник на средства од програмите „Млади во акција“, реализирани преку Европската Унија и националната агенција.

„Имаме реализирано неколку  проекти со кои млади претежно од Охрид и Струга учествувале на младински размени претежно во Франција, Турција и Србија. Сега работиме на нови проекти кои се со краен рок во февруари, затоа сме тука на овој Инфо ден, да се консултураме со претставниците од националната агенција, да слушниме за новите приоритети, бидејќи секоја година имаме нови за кои се доделуваат проекти. Се надевеме дека ќе сработиме нови и ќе овозможиме младите да бидат дел од Европската мобилност и да среќаваат нови пријателства во рамките на овие проекти“, вели Новица Костојчиновски, преставник од НВО Центар за тренинг едукација и мобилност ТИМ.

За Проектите креирани од страна на европската комисија, младинските организации може да аплицираат и во национланата агенција  во Скопје и во извршната канцеларија во Брисел.

Инаку Национланата агенција со работа започна во 2007 год, а првите пилот проекти беа во 2009 год.  За годинешниве  проектите за кои се аплицираше во три рока резултатите треба да се знаат до пред Нова Година. Од агенцијата откриваат дека годинава ќе се доделат околку  400 илади евра за грантови за млади, а во 2013 год се очекува оваа сума да биде поголема.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top