Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца на протестен марш

Со пароли в рака и со протестен марш членовите на општинскиот одбор на Сојузот на борците во Охрид го изразија својот револт од присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот од неговите простории во Скопје.

 |  Јаковлева Лионела  | 
parola
парола

Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца со протестен марш го изрази својот револт од присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот од неговите простории во Скопје. Тие побараа државата да покаже поголема почит кон воените ветерани што ја извојувале слободата чии придобивки ги уживаме денес.

Со мерките за присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот на борците на Република Македонија од работните простории во Домот на инвалидите во Скопје се сака да се згасне главнината на боречката организација, како невладина и непартиска. Со тоа се прави атак кон Народноослободителната фашистичка војна на Македонија, негирање и омаловажување на придобивките од борбата и газење по достоинството на живите борци и загинатите за слобода, изјави претседателот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.protest
Со овај гест се вознемируваат борците, а ваквата постапка е нехумана и нечовечка, потенцираше Георгиески. Тој додаде дека ова е непочитување на позитивните одлуки на Врховниот суд на РМ. Според Сотир Пирузе кој уште од својата 16-та година бил учесник во НОБ ова што сега им се случува на борците во Скопје е срамно.

Овде е политика во прашање. Не може организација која ги владеела просториите 70-тина години, денеска да излезе од нив. Мислам дека тие што посегнале по боречката организација ќе бидат осудени од идните генерации. Сметам дека судовите не смееле да постапат така и да ја обезличат нашата организација, истакна Пирузе.
Инаку, во Домот на инвалидите во Скопје со години наназад заедно функционираа и боречката организација и сојузот на инвалидизирани лица. Од 1998 година, инвалидите се издвојуваат од борците и ги тужат за просториите. Сојузот на инвалидите добива пресуда во своја корист од Основниот и Апелацискиот суд, но Врховен суд им ја поништува одлуката. Предметот е повторно вратен во судница, постапката сеуште не е завршена, а борците денес треба да ги напуштат просториите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top