Славна Дебрца не функционира

Мештаните на општината се отсечени од цивилизација. Тие пет дена опстојуваат без струја и без мобилна телефонија. Нивниот гнев најповеќе е насочен кон ЕВН и како главен виновник за проблемите со кои се соочуваат поради немање на струја ја посочија компанијата.

 |  Николоска Биљана  | 
debrca
дебрца

debrcaСелата од Дебрца отсечени од цивилизација.Мештаните  гневни на ЕВН. Покрај тешко продните патишта од снежните наноси кои деновиве го зафатија овој крај, капак на се е немањето струја но и мобилна телефонија. Дење излегуваме да ја видиме светлината на сонцето, бидејќи долгите ноќи ни се мрачни без струја, се жалат мештанит на оваа месност.

„Овој живот е кучешки во седмиот век луѓето поубо живееле отколку сега. Да немаш струја то е катастрофа, до вчера бевме отсечени поради снегот. Никој ЕВН доаѓа само кога треба да исклучат, а сега ги нема неможат да го најдат дефектот. „Никако не живееме по темница се снаоѓаме со свеќи се е одмрзнато и фрижидери, не работаат телефоните нема каде да ги наполниме“ -велат мештаните.

Во услови без струја единствена добра околност е што мештаниите во дел на Дебрца сеуште дрвото го користат како основно средство за греење. Од ваквата состојба нормално засегнат е и претседателот на М.З. Белчишта Димитрие Трпески.

evn„Во општина Дебрца 5 дена немаме струја. Обеќеваат секој дена дека ќе дојде, ветуваат но струја нема, а нена ни телефони, отцепени сме од светот во 21 век. Ноќите ги поминуваме се свеќи и електрики и тие нема каде да ги наполниме“ – вели Трпески.

ТВМ уште вчера во дневникот информираше за состојбата во дел од Дебрца. Без струја не функционира општината, училиштата кои се греат на нафта, поштата. Денес во месноста можеше да се забележат возилата на ЕВН кои најверојатно ќе работат на отстранување на дефектот. Дали станува збор за мал или голем дефект и дали денес ќе успеат да го санираат останува да видиме. Инаку портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески во телефонска изјава за ТВМ, ја кажа можната причина поради која настануват честите дефекти во снабдувањето со електричната енергија посебно во дел од руралните средини, непроодните патишта и искршените гранки кои од невреме паѓаат и ја оштетуваат мрежата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top