Врвен офталмолог од Србија престојува во Охрид

Деновиве во охридското офталмолошко одделение, на пероналот, своите искуства ги пренесува д-р Светислав Миленковиќ, истакнат професор на катедрата на медицинскиот факултет во Белград и началник на Клинички офталмолошки центар во Србија.

 |  Николоска Биљана  | 
ocno
очно

ocnoСтавена во употреба новата современа апаратура на офталмолошкото одделение во Охрид. Дел од таа апаратура е и  најмодерниот и најсовремен ласер, на кој деновиве работи, а воедно и го обучува персоналот, истакнатиот професор д-р Светислав Миленковиќ. Професорот доаѓа од Србија поточно од Клиниката за офталмологија, која од 1999 година работи по примерот на реномирана лондонска клиника. „Тренд во европската современа дијабетологија е врската помеѓу интернистот како основен столб на се, и останатите специјалности пред се офталмологијата, неурологија и нефрологија за да се постигнат добри резултати во третманот на болестс, вели д-р Миленковиќ. Тој посебно ја истакна улогата на офталмологот и потребата и тој да биде вклучен во терапијата на шекерната болест.

„Мене многу ми е мило она што овде во Охрид го видов, дека колегите озбилно му приоѓаат на проблемот со дијабетот и на интерната клиника и овде на очно одделение дека се тоа се работи модерно и современо и дека со заслугата на докторите  сте добиле многу модерен најсовремен ласер апарат и пациентите кои доаѓаат овде ќе добијат врвен третман“-вели д-р Миленковиќ.

Искуство и стручност на д-р Миленковиќ до максимум ја апсорбира персоналот на офталмолошкото одделение при Општа болница Охрид. Началникот на одделението д-р Љубинка Бакалоска, вели дека од голема важност е присуството на врвниот офталмолог од Србија кој несебично со нив го споделува своето искуство при третманот на дијабетичарите каде не ретко доаѓа до нарушување на видот поради заболувањето.

ocno„Ние неговото присуство почнавме да го користиме за други цели така да ќе почниме да и гледаме очно дно со помош на лупа и со помош триогледална призма кое досега не ги применувавме а ги имавме“-изјави Бакалоска.

Првиот човек на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов не го криеше задоволството од присуството на д-р Миленковиќ. Тој воедно ја поздрави програмата на Владата на Р. Македонија за осовременување на здравството.

„Огромен е придонесот, очекуваме одделението да направи еден стручен исчекор, значи да ги совлада новите методологии со цел да се пружа посовремени и помодерни услуги, како нашите пациенти да не одат во другите градови и да се излагаат на трошкови“-вели Арнаудов.

ТВМ веќе информираше за новата опрема на Министерството за здравство во вредност од 140 илјади евра која пред два месеци си го најде своето место во посебно за тоа опремените простории, а сега и персоналот кој ќе ракува со неа го надоградува своето знаење.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top