Петрески: ДУП-от за „Св. Стефан“, законски

Фрчат закани за кривични пријави во врска со  Урбанистичкиот план за дел од Туристичкиот комплекс „Св. Стефан“. Укажувањата кои ги упати  Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на адреса на Градоначалникот, советот и стручните служби во локалната, всушност се работи за кои инспекторатот не е надлежен, вели Петрески.

 |  Николоска Биљана  | 
ohrid
охрид

petreskiГрадоначалникот Александар Петрески тврди дека во врска со изготвувањето и донесувањето на ДУП  за дел од туристичкиот комплекс Св Стефан исполнети се сите законски прописи.  Тој смета дека реакцијата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам има политичка позадина.

„Јас стојам цврсто на ставот дека е направено се согласно законските прописи и дека сето друго што се обидуваат советниците на ВМРО- ДПМНЕ да го направат е кочење на развојот на Охрид и спротивно на законските прописи. Најавив и тогаш некои кривични пријави веќе се испратени за сите тие, за некои се спремаат сега, значи тие не ги почитуваат законите на Р. Македонија а тие треба да ги почитуваат“-вели Петрески.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на градоначалникот на Охрид како и на  Советот на општината му предочи неколку забелешки во врска со донесувањето на урбанистички план за дел од туристичкиот комплекс „Св Срефан“. Инспекторатот од нив побара поништување-укинување на Одлуката за донесување на тој дуп. Петрески вели дека Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при Министерството за транспорт и врски не е надлежен да укажува и сугерира да се поништи веќе изгласана одлука на Совет.

sv stefan„Неможе тие од Советот и од мене да бараат одлуката да се поништи тоа може да го направи само Уставниот суд. Советот на општина Охрид да не ја објавуваат одлуката, таа веќе е објавена на 30 ноември 2012 година а и да не беше ќе ја објавев“-изјави градоначалникот.

Последнава година донесувањето на урбанистичките планови, посебно за атрактивните локации во централното градско јадро како и во делот на крајбрежната зона, не ретко кочат во ресорните министерства во Скопје. Нормално е да се наметне прашање каде е грешката дали во изготвувачот на планот или е сосема нешто друго во прашање. Градоначалникот со свое образложение на ова прашање.

Урбанистичкиот план го правеше „Урбан“ од Охрид. Змнесте дека сите куќи што изработуваат планови доколку работат спротивно на законот има се одземаат лиценците. „Ние во овој момент работаме преку 50 УП и повеќе од година дена чекаатна потпис на министерот за транспорт и врски“ -рече Петрески.

Градоначалникот категоричен, дека на домашните инвеститори треба да им се отворат портите за инвестиции а не да им се отежнува работата. Петрески кажа дека донесувањето на УП за дел од Туристичкиот комплекс „Св. Стефан е во интерес на градот бидејќи на тоа место познат охридски бизнисмен сака да инвестира 15 милиони евра во изградба на хотел.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top