Уште еден детален урбанистички план се сопна во Скопје

Планот за изградба на хотел во Коњско под лупа на   Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

 |  Маленкова Татјана  | 
ministertsvo za transport i vrski
министртво з атранспорт и врски

Урбанистичкиот план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан под лупа на   Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.
Од  Инспекторатот при спроведената контрола утврдиле низа неправилности.  Деталниот урбанистички план отстапувал од одредбите пропишани за донесување вакви планови односно во текот на постапката планот бил изготвуван  во спротивност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и истиот не бил во согласност со Генералниот урбанистички план.

Поради овие причини Државниот инспекторат му укажува на Градоначалникот на Охрид, Алаександар sednica na sovetПетрески  да постапи согласно Зак. за просторно и урбанистичко планирање и да побара од надлежните комисии да ги отстранат неправилностите. Понатаму Петрески  да му предложи на Советот на општината да ја поништи одлуката од 28 ноември годинава со која беше донесен урбанистичкиот план за хотелот кој треба да никне во Коњско. Инаку, предлог одлуката за донесување урбанист план за изградба на хотел вон населено мессто комплекс Св Стефан на предлог на Градоначалникот беше ставена како прва на дневен ред и изгласана на 55 седниза на советот на оопштина Охрид. Оваа точка ги распали страстите на советниците. Од Вмро дпмне веднаш реагираа дека документацијата не им била доставена навремено поради што изразија сомнеж дека локалната се обидува да протурка план со кој под превез на хотел ќе се градат згради. Тие побараа од градоначалникот да ги покаже одобренијата од соодветните министерства. За советниците од СДСМ ништо не беше ниту спорно ниту сомнително а градоначалникот со објаснување дека го спроведува она што е во интерес и на граѓаните и на бизнисмените.  

Одлуката која после една долга и напната расправа сепак доби зелено светло од мнозинството во советот, сеуште не објавена во „Сл.гласник на општина Охрид“. Од Државниот инспекторат укажуваат дека тоа не треба ни да се случи и додаваат што поскоро да се преиспита постапката и да се корегираат пропустите, кои случајно или намерно ги направила локланта.
 Дупот за хотелот во Коњско е уште еден кој се сопна во Скопје. Ова наведува на размислување, кои се причините, дали грешки во постапката, апетити или препокувањето меѓу централната и локалната власт.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top