Кредитни задолжувања, загуби, неисплатени плати,долгови, зголемени цени на услугите, штрајкови, згора на сето тоа нови вработувања. Ова се епитетите кои многу често им се додаваат на охридските Јавни претпријатија. Овие претпријатија се сервис и крвоток на општината и во нив се слеваат пари од граѓаните па тие имаат право да знаат во каква кондиција се наоѓаат истите.
Нови вработувања, загуби, неисплатени плати, недомаќинско работење и уште многу други квалификации и обвинувања секојдневно се упатуваат на адреса на Јавните претпријатија во градов. Овие претпријатија се сервис и крвоток на општината и во нив се слеваат пари од граѓаните па тие имаат право да знаат во каква кондиција се наоѓаат истите.
Најголемото, МЈП „Проаква“ години наназад се бори со долгови. Директорот Златко Старкоски појаснува дека загубите во 2012 се намалени за 50% и дека претпријатието во ова година донело санациона програма со која се инвестирало само во проекти кои се од суштинско значење за функционирање на водоводната мрежа додека во некои покапитални проекти ќе се влегува од наредната година. Вработените последна плата зеле за месец септември и тоа само половина од износот, но платени им се придонесите така што можат да користат сини картони. Во однос на новите вработувања во ова претпријатие директорот Златко Старковски тврди дека во 2012 нема ниту едно. Во 2011 во ова претпријатие имало 219 вработени а во 2012, 261. Разликата од 58те вработени се однесувала на оние лица кои биле превземени од ЈП „Нискоградба“. Во „Проаква“ има и 16 лица кои немаат решение за вработување туку сеуште се со договор на дело.
Едно од најповикуваните ЈП е новоформираното „Нискоградба“. Во неговото двегодишно постоење неколкупати му се случи штрајк на вработените поради неисплатени плати, беа зголемени цените на услугите за 15%, а редовно беше доведувана во прашање оправданоста од неговото формирање. Моменталната состојба ни ја открива дир. Владо Цветкоски. Тој вели дека платите доцнат месец и половина односно последна плата била исплатена за месец септември и тоа само половина износ. Открива дека има 25 нови вработувања во оваа година, но додава дека 58 работници се одјавени истата година. Тоа се оние истите кои ги презеде „Проаква“. Директорот Цветкоски вели дека претпријатието работи со добивка и тоа во последните четири месеци таа изнесувала околу 4милиони ден. Тој потенцира дека од кога е формирано претпријатието воопшто не било во загуба.
Единствено ЈП кое делува стабилно и гради позитивен имиџ е „Охридски Комуналец“. Директорот Сашо Алчев вели дека секој први во месецот вработените во ова претпријатие земаат плата. Тој објаснува дека претпријатието е во добра кондиција, а околу новите вработувања кажува дека такви нема. Алче вели дека пред два месеци им биле дадени решенија на оние кои повеќе години работеле во претпријатието, но со договор на дело. За она што во јавноста се посочува како црна дамка во работењето на ова п-је се кредитните задолжувања. Алче објаснува дека тој кредитите се наследени и дека тие само ги подмируваат ратите.
Директорот на ЈП „Градски гробишта“, Драган Пандески ни се пофали дека вработените токму вчера зеле плата за месец октомври. Околу новите вработувања во оваа година тој рече дека има само две, а пет работници се превземени од ЈП „Погребални услуги“. Пандески објаснува дека тоа морал да го стори бидејќи Погребални услуги бидејќи нема лиценца за работа по се изгледа за брзо време ќе биде ликвидирано. Инаку ЈП „Гробишта“ се движи на тенка линија помеѓу добивка и загуба односно работи со позитивна нула, додава Пандески.
Нашите обиди да стапиме во контакт со директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шаин, останаа безуспешни.
Сума сумарум ваква е состојбата со ЈП во градов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град