Не биди насилник

„Насилството е наша реалност, информирај се, заштити се“. Ова е годинешното мото на кампањата за борбата против насилството. Струшкиот невладин сектор заедно со релевантните институции активно се вклучени во системот за заштита од семејно насилство во државава, преку голем број на мерки, механизми за поддршка и помош на жртвите.

 |  Николоска Биљана  | 
nasilstvo
насилство

nasilstvoРасте бројот на жртвите на семејно насилство. Месечно од Струга за помош се јавуваат по 4 жртви на СОС линијата 15 700, додека пак многу поголем број на пријави на СОС линијата дури 480 се однесуваат за насилство на работното место и непочитување на човековите права, вели претседателот на „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска. Таа додава дека од ден на ден расте бројот на жртвите кои се охрабруваат и зборуваат за насилството што го трпат и тоа најчесто жените и постари лица.

„Имаме доста пријави на семејното насилство и граѓаните веруваат во невладиниот сектор. Но наше е само да ги сослушаме а потоа да ги препратиме до институциите кои се одговорни за оваа проблематика“ – вели Попеска

„За жал во последно време расте бројот на жртвите кои го пријавууваат семејното насилство во нашиот центар“, вели Јетмира Жута од струшкиот ЦСР. Додава дека сеуште недостига храброст жртвите да го направат вистинскиот чекор, поточно да покренат кривична пријава до насилникот, пред се поради нивната слаба економска моќ.

„Мислам од старт уште кога ќе им кажеме дека треба да се покрене судска постапка многу од жртвите се откажуваат уште на почеток. И повеќето од случаите завршуваат со несредени брачни односи и семејно насилство“-истакна Жута.

Здравствената институција најчесто е првата станица каде се открива семејното насилство. Др Вера Попоска вели дека малтретираните жртви од насилство не само што претрпуваат биолошки промени туку и кај нив настануваат и психосоцијално заболувања.

nasilstvo„Тоа е една комплексна траума која без тимско работење една таква личност неможе да биде извлечена. Здравството во овој дел игра голема улога“ -смета Попоска.

Доколку сте жртва на семејно насилство обратете се до Центарот за социјална работа, која институција покренува постапка во случај на семејно насилство, повикува полиција и бара нивна асистенција, обезбедува нужно сместување на лицето-жртва на насилство, кое може да трае најмногу до шест месеци, треба да обезбеди соодветна здравствена заштита, дава секаков вид правна помош и застапување и покренува постапка пред надлежниот суд. Полицијата на полето на семејното насилство е во функција на заштита на жртвите, откривање на сторителите, сузбивање и попречување на семејното насилство и негово превенирање. Граѓанскиот сектор се смета за рамноправен субјект со другите институции кој работи на идентификација, превенција, давање психосоцијална помош и заштита на жртвите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top