Охрид и Скопје конечно ќе бидат автопатски поврзани

Владата договори кинески кредит за автопат во делот од Кичево до Охрид и магистралниот пат од Косел до Св.Наум.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohrid-Skopje
Охрид-Скопје

Автопатското решение кое години наназад беше само пуста желба, конечно ќе биде и реализирано. Најавен како еден од проектите во манифестот на владејачката гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2011 година, поврзувањето на Скопје и Охрид имаше свои препреки. Поради големиот износ на  финансиски средства потребни за изградба на вакво автопатско решение, првичната идеја на Владата била овој патен правец да биде даден под концесија, но токму тука настанува и застојот бидејќи кај потенцијалните концесионери немало интерес.

pat Struga-OhridРешението на проблемот од транспорт и врски го обелоденија пред два дена. Автопатот ќе се прави во две делници. Делот од Гостивар до Кичево ќе биде издаден под концесија, а од Кичево до Охрид решението е следно.

„Од Кичево до Охрид, земавме кредит од Кинеската Народна банка, под многу поволни услови и тој кредит беше потпишан од страна на Кинескиот амбасадор и министерот за транспорт и врски. Очекуваме во најбрз можен рок, тој кредит да дојде во Собранието, ние да го изгласаме како пратеници и после тоа да почне реализацијата. Реализацијата на секој пат трае неколку години, затоа што тоа не е мала работа. Ние очекуваме следнава година, со почетокот на градежната сезона, зависно од временските услови да почне да се работи на оваа делница.“-вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Она што е интересно за овој проект е што автопатот од Скопје до Охрид, нема да оди по веќе познатата траса преку Стража, туку ќе биде комплетно ново решение.

paten pravec Ohrid-Sv.NaumПокрај новото автопатско поврзување со Скопје, Охрид ќе добие и нов магистрален пат од Косел па се до Свети Наум. Овој нов магистрален пат е планирано да биде изграден како алтернатива на веќе постојниот.

„Идејата е да се направи над населбите и над селата, во крајбрежниот појас, значи над Коњско, над Свети Стефан, над Пештани, Љубаништа до Свети Наум. Да има испусти кон населените места, кон селата, како би можело локалното население да комуницира и ова заедно со Железничка која што веќе ја изградивме како втор булевар во Охрид, да значи растеретување на централното градско јадро во Охрид, но исто така и зголемување на туристичкиот капацитет на Охрид поради тоа што вакво патно решение ќе значи покрај развој на комуникацијата, сериозни инвестиции во туризмот кој досега беа невозможни затоа што немаше како да се пристапи на сите објекти кои што се на постојниот пат.“-рече Николоски.

avtopat za SkopjeИзградбата и на автопатското решение, и на магистралниот пат до Свети Наум ќе се одвива паралелно и со слична динамика. Николоски вели дека навистина се работи за големо задолжување, но дека бенефитите ќе бидат огромни, бидејќи во изградбата на патиштата ќе биде ангажирано локално население, а и многу помошни дејности ќе бидат потребни за сето тоа да може да се реализира.

Инаку колку за илустрација, изградбата на автопатот само од Кичево до Охрид, се проценува дека ќе чини од 5 до 7 милиони евра за еден километар. Како причина за високата цена, Николоски ја наведе конфиругацијата на теренот поради која ќе бидат потребни многу интеревенции во изградба на тунели и мостови. 

Инаку, покрај кредитот за изградба на предвидената патна инфраструктура, Владата се задолжила со кинески кредит и за железничко поврзување на Република Македонија и проектирање на пругите од Коридорот 8, од Бугарската до Албанската граница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top