Пред нешто помалку од месец дена започна со работа ракометната школа „Седмерец“.
Триесетина дечиња од стариот дел на Охрид конечно добија ракометна школа во своја непосредна близина. Името на школата е „Седмерец“, а официјално започна да функционира од 1ви овој месец. Под будното око на нивните тренери, дечињата своите тренинзи ги одржуваат два пати неделно, а сега-засега посветуваат внимание на основните вежби.
„Учиме да шутираме, учиме позиции, како да топкаме, водење на топка.“
„Малку тешко е, ама ќе се подготвиме. Сега малку треба да вежбаме за да покажеме дека сме клуб.“
„Овде вежбам околу девет дена и интересно ми е. Омилен ракометар ми е Ванчо Димовски.“
„Тренинзите ми се интересни, учевме подавање, топкање и како треба да шутираме. Сите спортови се тешки ама со вежба се е полесно.“-рекоа дел од нив.
За разлика од вообичаената практика, каде на чело на ваквите школи стојат мажи обично ракометари, школата „Седмерец“ ја водат двете професорки по физичко и здравствено образование, Олгица Грозданова-Зиврев и Катерина Стојаноска. Еве зошто се одлучиле да ја отворат оваа школа.
„Ние сакаме да оформиме млади кадри за ракомет. Најпрво тоа и моментално школово брои околу триесет членови, сега има и некои дечиња што се отсутни. Школово почна со работа на 1ви Ноември овој месец, сега-засега сме задоволни од одзивот на дечињата, па ќе видиме натака како ќе се одвиваат работите.“-вели професорката Олгица Грозданова-Зиврев, тренер во ракометната школа „Седмерец“.
Но не е се, само во спортот. Двете професорки посебно внимание посветуваат и на другите аспекти кои се важни за малите деца.
„Освен тоа што тренираме ракомет, опфатени се и вежби за правилен развој на дечињата, значи за оформување на телото кај дечињата, на крај на тренинг, вежби за истегнување и главниот дел од тренингот, тоа се вежбите постапно што ги работиме од почетници па се понатаму. Како што ќе се развиваат дечињата понатаму, соодветно на возраста им правиме и тренинзи и вежби.“-рече професорката Катерина Стојаноска, тренер во ракометната школа.
Инаку дечињата кои сега тренираат во оваа школа се на возраст од прво одделение деветтолетка, до 6то и 7мо одделение деветтолетка. Нивните тренинзи се одржуваат во понеделник од 18 до 19 часот и во четврток од 17:30 до 18:30 часот. Месечната членарина за оваа школа изнесува 400 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град