ЛИДЕМ со нов претседател

Подмладок на охридските либерали ЛИДЕМ има нов претседател. На вчерашниот состанок кој се одржа во просториите на ЛДП, од страна на 42 делегати беше поддржан единствениот кандидат, Елена Смилеска Сметеноска.

 |  Николоска Биљана  | 
lidem
лидем

Елена Смилеска Сметеноска е новиот претседател на подмладокот на охридските либерали, ЛИДЕМ. Таа беше  единствениот предложен кандидат за оваа позиција, која на вчерашниот состанок ја доби довербата од 42 делегати. Сметеноска потсети кои се нивните главни заложби.

„Чест е да се биде дел од либерално демократскито тим. Како такви ние сме биле во првите редови на кампањи за добивање возачка дозвола на младите на 16 години -вели Сметеноска.

smetenoskaСметеноска потенцира дека во тек е формирање на нова кадровска поставеност во ЛИДЕМ, кои ќе ја заменат досегашната и ќе внесат освежување во партијата. Воедно ги покани младите, отворено да проговорат за проблемите со кои се соочуваат и рече дека заедно со нив ќе бидат во прва борбена линија за остварување на нивните права.

 „Постојат можности за волонтирање во канцеларијата на ЛИДЕМ. Исто така можат и да не контактираат и преку социјалните мрежи. Секогаш сме против корупцијата во образованието, лош студенски стандарт, непризнати дипломи  бесперспективност немање можност за вработување, немање можност за купување на стан“-рече Сметеноска.

Новопечената претседателка на ЛИДЕМ, Сметеноска, за крај на младите од општинава им порача: да не отстапуваат пред оние пред кого стои само личниот интерес, а дека држењето настрана само им го олеснува патот. Додаде дека важно е да направиме поправедна Македонија, еден поубав Европски Охрид, со реални палнови градот да стане светска туристичка дестинација и да има работа за сите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top