„Форца Египќани“, е нова НВО на охридските египќани. Оваа организација во иднина ќе ги застапува правата на египќаните, а воедно ќе се бори за истите. За претседател именуван е Петрит Хусеин, кој важи за долгогодишен активист за правата на египќаните.
Бесплатни економско – правни совети за сите египќани на општина Охрид. Тоа го понуди НВО „Форца Египќани“, која е новоформирана организација и од денес започна со своите активности. Кон нив се приклучи и НВО „Светла иднина 2009“. Двете НВО, потпишаа меморандум за соработка. Претседателот на НВО „Форца Египќани“, Петрит Хусеин, накратко појасна кои ќе бидат нивните заложби.
„Соработката се заснова за заеднички напаори за остварување на уставно загарантираните права и салободи на египќаните, двете страни се согласуваат за заеднички настап за проекти и т н“-нагласи Хусеин.
Претседателот на „Светла иднина 2009“ Атеме Арслан, гледа плодна соработка со новоформираната НВО „Форца Египќани“. Истакна дека интензивно работат кон добивање што повеќе права на египќаните и дека во таа насока и продолжуваат сега заедно со здружени сили.
„Се работи за правата на египќаните и другите националности, посебно сакам да истакнам дека успеавме да стигнеме до портите на странските амбасади“-вели Арслан.
„Од овој момент египќаните имаат свој стопан и има кој да се бори за нивните прави и слободи“, истакан Демир Далип.
Охридските египќани цврсто одлучија да издејствуваат институционално признавање и сметаат дека за тоа во многу ќе допринесе и надворешната политика која ја водат, преку остварување на контакти со дипломатски преставништва од Европската Унија и Америка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град