И децата кои живеат во руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век. О.У. Св. Климент Охридски, с. Мороишта Струга, го одбележа денот на детето. Активностите кои беа спроведени под мотото „Децата имаат право на детство“ беа во соработка со НВО „Езерка“, Струга.
Заедно за едно. НВО „Езерка“, Струга во соработка со наставниот кадар од образовните институции како и со нивните родители, континуирано работат на проблематиката за заштита на децата.
Драгица Павлеска Попеска претседателот на Езерка вели, одбележувањето на денот на детето е само уште еден настан во низата активности кои тие ги спроведуваат во врска со децата. Ни руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век.-додава Попеска.
„Затоа мораме да бидеме будни, имаме и најавувања на вакви случаи кои се кажуваат страмежливо во едно семејство, кај комшијата, кај пријателот се случи тоа. Затоа треба да ги охрабриме родителите да го пријават случајот а децата да знаат како да се самозаштитат“-вели Попеска.
Кон одбележување на меѓународниот ден на детето, кое годинава е под мото „Децата имаат право на детство“, заедно со невладината организација Езерка, се приклучија децата, родителите, наставниот кадар од О.У. Св Климент Охридски.
„Ние тука сите заедно со родителите се потрудивме да изнајдеме подобри начини какао да си ги заштитиме нашиве деца од секојдневните опасности кои што демнеат“-вели Наумоска.
Заедничка констатација на наставниот кадар и невладината организација Езерка е дека, во руралните средини родителите треба повеќе да се ангажираат околу воспитувањето на децата и да им посветуваат повеќе време. Попеска дури смета дека се налага потреба од отварање на подвижна канцеларија со претставник од Центарот за Социјална Работа, кои заедно би работеле со децата и наставниот кадар, како едукацијата за превенција од злоупотреба на децата би била поквалитетна и постручна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град