МВР спроведе вежба во која беше фатена криминална група во моментот на препродажба на дрога.
МВР откри и спечи меѓународен канал за прекуграничен криминал. Во рамки на вежбата крималците беа фатени од страна на специјалните единици при примопредавањето на робата, поточно размена за пари. Оваа вежба која е дел од проектот ИЛЕКУС 2, денеска ја изведе специјалната единица на МВР пред раководител на проектот ИЛЕКУС 2 од сојузната криминалистичка полиција на Австрија, пред полициски службеници, обвинители од Македонија, Косово и Албанија, новинари.
Целта на вежбата беше пронаоѓање на сторителите на криминалните активности и нивно лишување од слобода во рамки на меѓународна заедничка акција.
Проектот ИЛЕКУС 2 кој всушност е и единица за меѓународна размена на информации на органите за спроведување на законот, е наменет за создавање на меѓународни единици за координација на органите за спроведување на законот. За таа цел и во Македнија е отворена ваква единица која ќе успее да ги обедини сите национални единици и ќе помогне во
доаѓањето и испраќањето на информации во централна единица. Целта на вежбата беше да се пронајдат слабите точки и недостатоците во меѓународната соработка со цел нивно надминување и поуспешна борба против организираниот криминал .
„Вежбата ја изведе единацита при МВР за лишување на лицата од слобода. Она што можевме и сами да забележите е тоа дека се работи за една реална ситуација која се случува во секојдневието. Она што можевте да забележите е дека ние бевме сведоци на тоа што се случуваше и може да кажам дека од наша страна сме задоволни,а авие треба да бидете горди што вашата Македонска полиција успеа да изведе ваква акција во соработка со специјлните сили на министретвото за внатрешни работи поточно единицата за специјални задачи“, вели генерал Герхард Ланг, раководител на проектот ИЛЕКУС 2 од сојузната криминалистичка полиција на Австрија – единица за меѓународна размена на информации на органите за спроведување на законот.
Генералот Ланг заклучи дека македонската полиција котира многу високо, поточно дека има висока позиција во рамки на Европските полиции.
Специјалните единици на МВР често се користени во меѓународните комуникации од страна на јавното обвинителство и судовите, вели началникот на секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Р Македонија и национален координатор на проектот во Македонија, Александар Јованов.
„Бенефитот, придобивките од оваа единица е што се овозможи побрза размена на информации помеѓу земјите во регионов со што се доби на брзина во реакции и во поуспешен настап против организираниот криминал. Конкретно за оваа дводневна симулација во која беа инволвирани единиците на Илеку на Македнија, Албанија и Кососво беше многу успешна бидејќи во претходните два дена работеввме на повеќе сложени случаи од областа на организираниот криминал за се да заврши на симулиран случај на контролиран транспор на дрога кој доби развшница со единиците на МВР а Р Македнија“, вели Александар Јованов,началник на секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Р Македонија и национален координатор на проектот во Македонија.
Јованов додава дека соработката помеѓу полициите на Австрија и Македонија во рамки на зеднички истраги и понатака ќе се гради. Тој е категоричен дека Македонија од самиот почеток многу активно учествува во реализација на проектот инициран од страна на европската комисија воден од страна на Австриската полиција и дека ние сме една од првите земји која успеа да ја формира единицата ИЛЕКУ, односно единица за меѓународна организација на органите за спроведување на законот. Снимениот материјалот од денешната вежба ќе биде презентиран и пред автриската јавност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град