Глувите и наглуви лица од земјава, ловеа риба во каналот Студенчишта

Од Националниот сојуз на глуви и наглуви лица велат дека овој риболовен натпревар е само една од бројните активности кои тие ги организираат во текот на годината.

 |  Мишел Наумоски  | 
ribolov natprevar
риболов натпревар

12 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред.

Kanal natprevarРиболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука.

„Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со натпреварите. Дали ќе учествува на некое Балканско првенство или пошироко бидејќи имаме соработка со сојузите од другите соседни држави. Се надевам дека ако на наредните олимписки игри има риболов дека екипата која што ќе победи ќе учествува на тие игри за глуви.“-вели Васко Марков-Претседател на Националното здружение на глуви и наглуви лица.

ribolov zdruzenija gluviОрганизатор на овој државен натпревар во риболов е Здружението на глуви лица од Охрид. Тие уште пред 7-8 години започнале да организираат вакви риболовни натпревари, но само на општинско ниво. Ова е втора година со ред како натпреварот има државен карактер.

„Ова за глувите значи многу, бидејќи претставува една можност да го посетат Охрид. Многу од нив можеби и по прв пат доаѓаат во Охрид. Сите се заразени риболовци, значи имаат искуство со риболов на река, и на вештачко езеро и сега ќе дојдат на овој убав ден да се дружат, прекрасно се надевам дека ќе си поминат во нашиот град.“-рече Славица Стефаноска, секретар на Здружението на глуви од Охрид.

Стефаноска додава дека овој натпревар со причина се организира во втората половина на месец Ноември, бидејќи веќе на 3ти Декември се одбележува Денот на хендикепираните лица и ова е одличен начин да се потсети дека и овие лица имаат исти права, но и исти можности и интереси како и сите луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top