Тригодишна затворска казна за Цвете Вранишкоски. Гоце Јанески и Климе Миладиновски, ослободени од обвинение. Ова е судската разврска за случајот Пливалиште.
Затворен случајот Пливалиште. Денес во Основниот суд во Струга од страна на судијата Живко Аврамоски кој го водеше претресот за случајот Пливалиште беа изнесени завршните зборови за овој настан. Ослободени од обвинение се Гоце Јанески и Климе Миладиновски, бидејќи не се докажало делото за кое се теретат. Единствен кој го понесе цел терет на свој грб околу несреќата, а кој воедно е прогласен за виновен е Цвете Вранишкоски. Нему струшкиот суд му изрече затворска казна во траење од 3 години, за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност на луѓето, поради нестручно изведена електрична инсталација. Во траењето на казнатасе зема во предвид времето поминато во притвор. Бесник Каба, бранителот на обвинетиот Климе Миладиновски, задоволен од ослободителната пресуда за неговиот клиент. Тој смета дека ослободителните одлуки за двајцата обвинети се оправдани.
„Сметаме дека немаше докази дека е сторител на делото исто така целата постапка од почеток до објавување на одлуката се водеше само на претпоставки а не на докази а исто така и истрагата се водеше на претпоставки. Сметаме дека ваквата одлука е оправдана законита и легална“-вели Каба.
Судскиот процес за случајот Пливалиште траеше нецели три години. Првиот претрес се оддржа на 02. декември 2010 година. Првата пресуда падна на 18 април 2011, година, каде тројцата обвинети добија вкупна затворска казна во траење од 10 години, 4 за Цвете Вранишкоски, три години и четири месеци за Гоце Јанески и 3 години за Климе Миладиновски. Пресудата беше поништена од страна на Апелациониот суд во Битола по жалба на бранителите на обвинетите. Предметот беше вратен на повторно судење во Основниот суд во Струга, кое пак отпочна 10 ти февруари годинава а заврши со денешната пресуда. Без зборови останаа адвокатите на оштетените кои веднаш после одлуката ја напуштија судницата. Како што е веќе добро познато, на 11 септември 2010 година на шанк на струшкото Пливалиште се случи несреќата коај ја шокира струшката јавност, во која од струен удар настрадаа тројцата другари Јосиф Докоски, Киро Ѓоргоноски и Јоско Кувенџиески.Овој немил настан стружани сеуште не го забораваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град