Охридскиот сојуз на синдикати солидарен со европските колеги

Од охридскиот сојуз на синдикати велат дека ова е ден кога се мобилизираат сите синдикати и се спротиставуваат на мерките на владите кои одат против правата на работникот.

 |  Мишел Наумоски  | 
SSM
ССМ

Денес Европа масовно штрајкува против мерките за штедење наметнати од Владите. Подршка добија и од охридската регионална канцеларија на Сојузот на синдикати на Република Македонија. Претседателот на општинскиот синдикат, Драган Цветаноски вели дека борбата за работнички права треба да има заеднички именител насекаде низ светот.

protesti Evropa Стандардите кои важат во Европа, да важат и овде. Ова е ден кога синдикатите се мобилизираат и силно спротиставуваат на мерките на владите кои одат против европскиот социјален модел.

„Во услови на пазарна економија, конкуренција, светска економска криза, отсуство на координација на економските политики и непримената на минималните трудови стандарди во Европската унија, па и кај нас и примената на мерки од страна на владите кои одат на штета на работниците во делот на укинување на работните места, бркање на работници од работа, зголемување на невработеноста, даночната политика, социјалните услови, намалување на платите и придонесите, зголемување на цените на основните живнотни потреби, сето тоа негативно се одразува на животниот стандард на работниците и граѓаните.“-вели претседателот на општинскиот синдикат, Драган Цветаноски.

Dragan CvetanoskiСолидарни со европските колеги, но од општинскиот синдикат побараа решавање и на домашните проблеми.

„Сојузот на синдикати на Македонија апелира до Владата на Република Македонија, во водењето на економско-социјалната политика во државава, приоритетно место да му дава на унапредување на животниот стандард на работниците и граѓаните, и да презема такви мерки кои нема да се одразат на материјално-социјалната положба. Да се развива и практикува социјалниот дијалог на централно ниво, а исто така и социјалниот дијалог да се практикува и одржува и на локално ниво и на ниво на претпријатие.“-вели Цветаноски.

Од општинскиот синдикат велат дека во насока на унапредувањето на работничките права, ССМ се има изборено во македонското законодавство да бидат прифатени голем број на конвенции на Меѓународната организација на трудот, но додаваат дека не смее да остане само на тоа, туку и дека овие конвенции треба да се спроведуваат и на дело.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top