Не им се провидели на сообраќајните огледала

Едно од огледалата поставени за зголемување на прегледноста во сообраќајот, не го преживеа вандализмот на некои несовесни граѓани.

 |  Мишел Наумоски  | 
ogledalo
огледало

Нови докази за сообраќајната некултура на некои наши сограѓани. Обидите на локалната самоуправа за зголемување на безбедноста во сообраќајот, се чини не се доволни за да ги преживеат охриѓани. Од Одделението за комунален развој и сообраќај велат дека во изминатиов период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот пристапиле кон поставување на заштитни огради, забавувачи на движење, хоризонтална и вертикална сигнализација на критичните точки во градов.

skrsheno ogledaloПокрај тоа на шест локации низ Охрид поставиле и огледала кои треба да ја зголемат прегледноста во сообраќајот на неколку точки, и тоа две огледала на улицата Марко Нестороски наспроти ОУ Христо Узунов и на излезот од Богомилска, две огледала на Железничка на пресекот со Кленоец и Егејска, едно во стариот дел од градот и едно огледало во населеното место Велгошти. Од овие 6, едно огледало не дочека да им служеше на граѓаните ниту 24 часа.

„За жал веќе едно од овие огледала не доживеа ни еден ден на самото место. На вандалски начин е истото уништено и тоа на раскрсницата помеѓу Железничка и Кленоец, токму на она место каде во изминатиов период доста од возачите имаа проблеми за безбедно поминување на оваа раскрсница. Вкупниот проект мислам дека е некаде околу 200 и нешто илјади денари, отприлика едно огледало заедно со конструкцијата чини околу 45.000 денари.“-рече раководителот на Одделението за комунален развој и сообраќај, Зоран Шикалески.

ogledalo ul.ZeleznickaШикалески додава дека освен новопоставените огледало, на мета се и останатите сообраќајни знаци и било каква сигнализација поставена со цел зачувување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

„Мислам дека ова е општа штета за сите и посебно за тој што ги крши. Сигурно и тој што ги крши, секојдневно поминува на тоа место и овие огледала би помогнале и на него и на останатите учесници во сообраќајот. Но за жал вакви работи се случуваат нон-стоп. Истото се случува и со поставените сообраќајни знаци, ги вртата, ги крадат, ги оштетуваат, пишуваат пароли. А законска должност на секој граѓанин согласно Законот за безбедност во патниот сообраќај е да не ги оштетува овие средства. Но за жал некој се дрзнал и го оштетил ова огледало.“-изјави Шикалески.

Скршеното огледало ќе биде заменето вели Шикалески, но апелираше да се чуваат овие сообраќајни добра бидејќи се од општ интерес на сите граѓани и придонесуваат во зголемување на општата безбедност во сообраќајот. Во таа насока тој вели дека локалната заедно со СВР-Охрид и во наредниот период ќе дефинира и други критични точки низ градот каде ќе се поставуваат вакви огледала.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top